Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

За поглавјето

Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика

Индустриската политика на ЕУ има цел да промовира индустриски стратегии што би ја зголемиле конкурентноста, би го забрзале приспособувањето кон структурните промени, би поттикнувале креирање на поволно деловно опкружување низ ЕУ, зголемување на домашни и странски инвестиции и унапредување на севкупниот деловен амбиент во кој работат малите и средните претпријатија, а би се поттикнувале и претприемништвото и иновациите.

Која е користа за Македонија?
 
  •  Развој на конкурентноста на МСП и индустријата
  •  Поттикнување на младинското, женското и социјалното претприемништво
  •  Поддршка на иновации

Развојот на конкурентноста и секторот на МСП претставува еден од врвните приоритети на ЕУ. Европското законодавство и финансиската поддршка даваат можност за воспоставување на стопанство базирано на конкурентност како одговор на глобализацијата и потребата за одржлив економски развој. Во таа насока, МСП претставуваат еден вид движечка сила што го поттикнува индустрискиот пораст и економскиот напредок.

За земја како Република Македонија чекорите и активностите што се остварува и се реализираат во оваа област се во директна врска со развојот на целокупната индустрија, при што јасно дефинираната индустриска политика и развојот на стратешките сектори заедно со политиката базирана на поддршка на МСП претставува важен предуслов за развој на силна пазарна економија. Од година во година Македонија постигнува напредок во подобрувањето на целокупниот деловен амбиент за МСП преку поедноставување на одредени административни постапки, финансиска поддршка, законодавно усогласување и слично, а сепак во периодот што следува треба да се обезбедат дополнителни напори и средства, како и да се подигнат капацитетите на различните чинители во процесот на едно повисоко ниво доколку како цел се има целокупното деловно опкружување што владее во развиените земји на ЕУ.