Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Членство

Членство во платформата

Како да се стане член

Пополнете ги Меморандумот и Етичкиот кодекс со податоците за Вашата организација и станете дел од првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика “Поглавје 20”!

Меморандум за членство

Пополнетите документи испратете ги скенирани на info@yes.org.mk. По добивање на испратени документи ќе ве контактираат одговорните лица од нашиот тим. За дополнителни информации контактирајте не на 02 3108 891.

Превземи ги документите за членство!  

Членови во платформата

Хуманост

​Организацијата работи на поголема социјална интеграција на лицата во социјален ризик.

Хуманост

  Социјална интеграција

www.humanost.org.mk   contact@humanost.org.mk   077 963 672   Сашко Јованов

Организацијата работи на поголема социјална интеграција  на лицата во социјален ризик.

Мисија

Унапредување  на условите за подобар и поквалитетен живот  на лицата во социјален ризик.
Изготвување на анализа за конкретниот начин за унапредување на условите за грижата кон старите и изнемогнати лица
Обуки за сертифицирање на асистенти за нега на старите лица во домашни услови
Организирање на обуки за лицата во социјален ризик и нивно активно учество
Активно учество на лицата во социјален ризик во креирање на политики на локално и национално ниво
Партиципативност на младите во процесот  на креирање на политики на локално и национално ниво од кои се дирекно засегнати
Учество на младите во Европските образовни програми и мобилност
Промовирање на важноста и можноста на социјалното претприемништво
Вмрежување на Хуманост  во национални и меѓународни мрежи

Здружение на граѓани Еко Логик

​ЕКО-ЛОГИК е непрофитна организација која е посветена на заштита и зачувување на животната средина, промовирање на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржлив развој.

Здружение на граѓани Еко Логик

  екологија

www.ecologic.mk   ecologic.mk@gmail.com   02 / 6091 776   Никола Нешкоски

ЕКО-ЛОГИК е непрофитна организација која е посветена на заштита и зачувување на животната средина, промовирање на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржлив развој. Нашата организација ги поттикнува и поддржува позитивните промени во животната средина во облиците на:

- Промовирање на екологијата како наука
- Промоција на концептот за почисто производство
- Заштита и зачувување на природата и животната средина
- Дистрибуција на еколошкото знаење и надградба на еколошкото образование
- Промоција на принципот за одржлив развој
- Креирање нови "зелени" работни места
- Можност за обука и вклучување на сите заинтересирани граѓани во проекти од областа на екологијата и заштитата и управувањето со животната средина     

НЦРИПУ - Здружение Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење

​Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење се стреми кон зајакнување на капацитетите за ефективно овозможување на иновациска, технолошка и финансиска поддршка на микро, мали и средни претп...

НЦРИПУ - Здружение Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење

  претприемништво

www.ncdiel.mk   info@ncdiel.mk   02 309 9481   Бојан Јовановски

Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) е основан во ноември 2009 година со финансиска поддршка од Австриската Развојна Соработка – Austrian Development Cooperation (ADC). Центарот се развива под препораките на проектот „Соработка на агенциите за финансирање и поддршка на иновации во Југоисточна Европа“ (South-East Europe Co-operation of Innovation and Finance Agencies). Оваа мрежа се стреми кон зајакнување на капацитетите за ефективно овозможување на иновациска, технолошка и финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија.

НЦРИПУ е дизајниран како центар отворен за иновативни, технолошки-базирани и профитно-ориентирани идеи.

Визија:

Центарот да стане национален лидер во процесите за создавање конкурентна економија базирана на иновативно знаење и претприемачко размислување.

Мисија:

Промоција, поддршка и развој на иновациите и претприемачкото учење, со цел намалување на невработеноста преку формирање нови иновативни бизниси и зајакнување на секторот на мали и средни претпријатија во Република Македонија.

Асоцијација за едукација МЛАДИИНФО

Младиинфо е иницијатива која им помага на младите да го исполнат својот образовен потенцијал.

Асоцијација за едукација МЛАДИИНФО

  Едукација

www.mladiinfo.eu   info@mladiinfo.eu   02 520 98 90   Ана Алибегова

Младиинфо е иницијатива која им помага на младите да го исполнат својот образовен потенцијал.   

ПРОФИЦИО

ПРОФИЦИО работи на воспоставување на канали и механизми за мултиетничка кохезија и толеранција (особено со етничките Албанци, Турци, Бошњаци, Роми, и други ) и поттикнување на подигнување на свеста за изучување...

ПРОФИЦИО

  претприемништво

/   proficio-mk@t.mk   070384851   n/a

Своите главни програми ПРОФИЦИО ги реализира во областа на адресирање на проблемите од последиците растечката сиромаштија и невработеност во Република Македонија особено на младите и жените во руралните средини, преку зголемување на можностите за вработување и нивен продуктивен ангажман.
ПРОФИЦИО работи на воспоставување на канали и механизми за мултиетничка кохезија и толеранција (особено со етничките Албанци, Турци, Бошњаци, Роми, и други ) и поттикнување на подигнување на свеста за изучување на различностите кај етничките групи.
ПРОФИЦИО е фокусирана на развојот на слобода на говорот, преку развој на вештини на медиумите и медиумските организации.
Главни целни групи на ПРОФИЦИО се младите и жените,особено во различните етнички средини, рурални средини и региони со мултиетнички жители.
Многу важни активности на организацијата се и поттикнување на претприемништвото, а особено со развојот на социјалното претприемништво како и реализација на обуки за стекнување со вештини за вработување и самовработување, кариерен развој, управување со кариерата.

Здружение Деловен Ромски Информативен Центар - ЗДРИЦМ

З​РДИЦМ е граѓанска организација која има воспоставено програма со цел подобрување на социјално-економската положба на ромската заедница преку унапредување на претприемништвото, создавање на можности за вработу...

Здружение Деловен Ромски Информативен Центар - ЗДРИЦМ

  претприемништво

http://www.zrdicm.org.mk/   rbic@t-home.mk   н/а   н/а

ЗРДИЦМ е граѓанска организација која има воспоставено програма со цел подобрување на социјално-економската положба на ромската заедница преку унапредување на претприемништвото, создавање на можности за вработување и посредување при вработување, организирање на обуки за стекнување на професионални вештини, распространувањето на квалитетот и навремени информации, итн .

ЗРДИЦМ има воспоставено соработка и партнерство со многу институции и организации, како што се: министерства, владини агенции, општини, граѓански организации, универзитети работникот, банкарскиот сектор, бизнис секторот, меѓународни организации и донатори, итн

​Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци

​Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци, Виница е основано во 2002 година, од страна на невработени интелектуалци како невладино, непартиско и непрофитно здружение.

​Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци

  eдукација

n/a   todorconev@gmail.com   н/а   н/а

Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци, Виница е основано во 2002 година, од страна на невработени интелектуалци како невладино, непартиско и непрофитно здружение.

Визија: Здружението ИНИ Виница е катализатор за подигање на капацитетите на заедницата, стопанството и поединците со развиена мрежа на локални и регионални партнерства.

Мисија: Процес на партнерска работа со заедницата за препознавање и активно користење на нејзините ресурси во областа на образованието, екологијата, здравството, економијата, младите и други области со цел спроведување на остварливи програми за подобро утре на заедницата.

Главните области на делување се: Создавање услови за подобра здравствена заштита на населението, Подобрување на положбата и условите за живот на децата и младите, Почитување и заштита на човековите права, Заштита на животната средина, Во сферата на образованието со организирање на курсеви за странски јазуци и компјутери, како и поттикнување на неформалното образование со испорачување на обуки од различни области, транспарентност и добро владеење.

Здружение за Перспективна Интеграција и Развој РОМА ПЕРСПЕКТИВ - ПРИЛЕП

Здружението “Рома Перспектив” e eдно од најактивните здруженија во Прилеп кое се залага за подобрување на животот кај ромското население, како и за доближување на образованието кај младите роми.

Здружение за Перспективна Интеграција и Развој РОМА ПЕРСПЕКТИВ - ПРИЛЕП

  социјална интеграција

н/а   romaperspective@gmail.com   н/а   н/а

Здружението “Рома Перспектив” e eдно од најактивните здруженија во Прилеп кое се залага за подобрување на животот кај ромското население, како и за доближување на образованието кај младите роми.

Здружение на ракотворци Хендмејд Арт Пробиштип

Здружението на ракотворци ХЕНДМЕЈД АРТ Пробиштип е здружение на граѓани - ракотворци, занаетчии за традиционални и модерни рачно изработени производи.

Здружение на ракотворци Хендмејд Арт Пробиштип

  претприемништво

н/а   handmadeartprobistip@yahoo.com   н/а   н/а

Здружението на ракотворци ХЕНДМЕЈД АРТ Пробиштип е здружение на граѓани - ракотворци, занаетчии за традиционални и модерни рачно изработени производи, уметнички дела, дизајн и изработка на накит, облека, модни додатоци, сликарски и вајарски дела, грнчарство, копаничарство, графика, индустриски дизајн, фотографија, уметничко-сценски перформанс, декорација на храна, обуки во во овие дејности со цел да се развие творештвото и да се овозможи и афирмација на секој ракотворец и на локално и државно ниво, а со тоа афирмација и на општина Пробиштип, да се поттикне и отварање на нови вработувања и зголемен приход, организирање на работилници, изложби, продажби, ревии како и било каков јавен настап во правец на афирмација на творештвото и ракотворбите.

Центар за европско применето право и економија

Здружението на граѓани „Центар за европско применето право и економија“ ЦЕППЕ Скопје ги остварува следните цели и задачи: преку организирање и спроведување на обуки и курсеви; следење на современите трендови о...

Центар за европско применето право и економија

  истражување

н/а   jadranka_dab@yahoo.com   н/а   n/a

Здружението на граѓани „Центар за европско применето право и економија“ ЦЕППЕ Скопје ги остварува следните цели и задачи: 1. Организирање и спроведување на обуки и курсеви; 2. Следење на современите трендови од областа на правото и економијата; 3. Подобрување на пристапот до европските закони и институции; 4. Информирање и промоција на европските стандарди и регулативи; 5. Подигање на свеста на граѓаните за значењето на европското право и економија; 6. Подготвување и издавање на периодични стручни списанија; 7. Спроведувања на истражувања; 8. Организирање и спроведување на работилници и семинари; 9. Подготвување и издавање на публикации; и 10. Други активности. За остварување на наведените цели и задачи, членовите на Здружението соработуваат со слични асоцијации, институции и здруженија во Македонија, како и со други слични организации во земјата и во странство и со државните органи. Здружението има пет члена и нема вработени лица и/или волонтери. Здружението не спровело активности во 2016 година што барале финансиски издатоци така што нема податоци за буџет за 2016 година.