Во согласност со определбата на Владата на Република Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, Ве покануваме на консултативна средба за актуелни прашања од посебно значење за напредокот на Македонија.
Консултативната средба ќе се одржи на 13 јули 2018 година (петок) со почеток во 20.00 часот, во Свечена сала, Влада на Република Македонија.
На консултативната средба ќе се дискутираат актуелни прашања од важност за напредокот на Македонија, вклучително и структурата на преговори за пристапување на Македонија кон Европската Унија, а во дискусијата ќе учествува и Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.
Предвидено е да има по еден претставник од организација. Ве замолуваме да го регистрирате учеството на еден претставник на Вашата организација на следниот
линк најдоцна до 12 јули 2018 година (четврток), 15.00 часот.
Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте не преку е-маил
sanja.bogatinovska@vlada.gov.mk,
svetlana.siljanoska@vlada.gov.mk или на телефонскиот број 070 391 247
Агенда