Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Документи за јавни политики

ПОТСЕТНИК ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА ПРИМЕНА НА ДИРЕКТИВАТА ЗА ЗАДОЦНЕТИ ПЛАЌАЊА

08.4.2019

Анализата ги истражува состојбите со примената на законот за финансиска дисциплина како средство за обезбедување на поголема ликвидност на економските оператори и навремено реализирање на паричните обврски меѓу нив.

6.-Практики-за-примена-на-директивата-за-задоцнети-плаќања.pdf
РАЗВОЈ НА МАШИНСКИОТ И МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКИОТ СЕКТОР – ПРЕПОРАКИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ И ИЗВОЗНА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА

08.4.2019

Единствен економски модел на кој може да се базира порастот на нашата економија на долг рок е преку зголемување на динамиката на извозот, извозната диверзификација и извозната софистицираност во секторите каде што земјата има изградено компаративни предности или постојат реални економски претпоставки за тоа. Анализата укажува на клучните ограничувања со кои се соочуваат машинскиот и металопреработувачкиот сектор во контекст на нивната способност за почнување производство и извоз на нови производи со повисок степен на финализација што практично е значајна основа во креирање на секторски политики.

7.-Развој-на-машинскиот-и-металопреработувачкиот-сектор.pdf
MEРЕЊЕ НА УСПЕШНОСТА НА ПОЛИТИКИТЕ И ИНСТРУМЕНТИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА (МСП)

08.4.2019

Анализата се фокусира на наодите од прегледот на европските и македонските практики за следење на ефективноста на политиките за МСП надополнети со резултатите од пилотирањето на новиот модел за мерење на нивната успешност реализирано во четири општини - Скопје, Штип, Куманово и Прилеп. Согледувањата од истражувањата се заокружени со конкретни препораки за унапредување на процесот на креирање на политики и мерки за МСП, како на национално така и на локално ниво.

8.-Мерење-на-успешноста-на-политиките-и-инструментите-за-МСП.pdf
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ, ПОЛИТИКИТЕ И ИНСТРУМЕНТИТЕ НА ПРЕГОВАРАЧКОТО ПОГЛАВЈЕ 20: ПРЕТПРИЈАТИЈА И ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА

08.4.2019

Реформскиот процес во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика има цел да промовира стратегии, регулатива и инструменти што би ги подобриле конкурентноста и деловното опкружување, домашните и странските инвестиции, како и севкупниот деловен амбиент во кој работат малите и средните претпријатија, а би се поттикнувале и претприемништвото и иновациите. Анализата ги дава заклучоците и препораките од експертската работилница на платформата Поглавје 20, за унапредување на реформскиот процес.

9.-Подобрување-на-политиките,-принципите-и-инструментите-на-поглавје-20.pdf
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ФИНАНСИИ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА – НАЦИОНАЛНИ И ЕВРОПСКИ ПРОГРАМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ПРЕПОРАКИ ЗА РАЗВОЈ НА НОВИ МЕРКИ И УСЛУГИ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ФИНАНСИИ

08.4.2019

Реформскиот процес во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика има цел да промовира стратегии, регулатива и инструменти што би ги подобриле конкурентноста и деловното опкружување, домашните и странските инвестиции, како и севкупниот деловен амбиент во кој работат малите и средните претпријатија, а би се поттикнувале и претприемништвото и иновациите. Анализата ги дава заклучоците и препораките од експертската работилница на платформата Поглавје 20 за унапредување на пристапот до финансии за МСП.

10.-Препораки-за-развој-на-нови-мерки-и-услуги-за-пристап-до-финансии.pdf
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА И ИНСТРУМЕНТИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ИНОВАЦИИ КАЈ МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

08.4.2019

Реформскиот процес во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика има цел да промовира стратегии, регулатива и инструменти што би ги подобриле конкурентноста и деловното опкружување, домашните и странските инвестиции, како и севкупниот деловен амбиент во кој работат малите и средните претпријатија, а би се поттикнувале и претприемништвото и иновациите. Анализата ги дава заклучоците и препораките од експертската работилница на платформата Поглавје 20 за унапредување на инструментите и инфраструктурата за поддршка на иновации кај македонските МСП.

11.-Унапредување-на-инфраструктурата-за-поддршка-на-иновации-кај-МСП.pdf