Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Видеа

Единствен пазар на Европската унија

17.9.2020

Европскиот единствен пазар, кој уште се нарекува и заеднички пазар или внатрешен пазар, е една од најзначајните придобивки и достигнувања на Европската унија. Тој ја претставува срцевината на европската економија и во него учествуваат сите земји-членки на Европската унија, а со посебни договори е регулирано учеството на Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Во монетарна смисла единствениот пазар е најголемиот пазар на светот кој е дом на повеќе од 500 милиони граѓани кои живеат, работат, патуваат, студираат и стопанисуваат слободно без граници.

Дигитален единствен пазар

17.9.2020

Дигиталниот единствен пазар е непречена област која ги опфаќа дигиталниот маркетинг, електронската трговија и телекомуникациите каде што луѓето и деловните субјекти можат да тргуваат, иновираат и да комуницираат легално, безбедно и по пристапна цена, правејќи го нивниот живот полесен. Тоа значи дека бизнисите се во можност целосно да ги користат новите технологии, а малите компании особено имаат можност да се движат низ ЕУ со „само еден клик“. Економските анализи покажуваат дека оваа слобода може да генерира дополнителни 415 милијарди евра годишно во европската економија и да создаде стотици илјади нови работни места.

Европски програми за финансирање на стартап и мали и средни претпријатија

17.9.2020

Европската унија продолжува финансиски да ги поддржува претприемачите од европските земји благодарение на бројните програми за финансирање. Финансиската поддршка е достапна преку неколку форми како заеми, микрофинансирање, грантови за истражување и иновации, гаранции и форми на ризичен капитал. Македонските стартап и мали и средни претпријатија имаат пристап до неколку извори на финансирање од Европската унија.

Мониторинг и евалуација на политики

16.10.2018

Што е мониторинг и евалуација на политики? Кои се алатките и индикаторите за мониторинг и евалуација? Како граѓанските организации да ги согледаат вистинските ефекти од спроведувањето на јавните политики? Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Иновациска политика и евалуација

16.10.2018

Што се иновации и иновациски политики? Кои се иновациските инструменти и политики на ЕУ? Како се дизајнира иновациска политика за МСП и што е интелектуална сопственост? Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Методологија за истражување на политики и креирање на документи за јавни политики

16.10.2018

Зошто е важен истражувачкиот процес при креирање на политики? Кои се методите и техниките за прибирање на податоци? Како се креираат документи за јавни политики? Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Дизајн на стратегија за паметна специјализација

16.10.2018

Што е стратегија за паметна специјализација? Како да се започне со дизајнирање на стратегија за паметна специјализација? Од анализа, до дефинирање на приоритети и имплементација на стратегијата за паметна специјализација. Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Циркуларна економија: политики и практики

16.10.2018

Што е циркуларна економија? Кои се политиките на Европската Унија за циркуларна економија? Како се мери циркуларноста, кои се индикатори и бизнис модели? Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Индустриска политика базирана на докази

16.10.2018

Што претставува индустриската политика? Каква е индустриската политика на ЕУ и на национално ниво? Водени од европската перспектива со цел да ги исполниме критериумите за пристапување во Европската Унија, индустрискиот развој и конкурентноста на компаниите и иновациите стануваат се поважни теми за нашата држава. Ова едукативно видео е дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Видеото е дел од 6-те едукативни видеа кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20.

Smart Specialisation- efficient and effective use of public investment in research

29.6.2018

Smart Specialisation- efficient and effective use of public investment in research

The video is taken from Youtube