Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Занаетчиството е бизнис од кој живее целото семејство

Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ, во рамки на шест-месечниот проект “Преку проценка на влијанието на регулативата на занаетчиската дејност до подобрување на деловната клима“, спроведе истражување во врска со ефектите на Законот за занаетчиство. Преку истражувањето беа опфатени неколку целни групи: занаетчиите, занаетчиски комори, надлежните државни органи, како и пошироката јавност.
Со цел подобро информирање на јавноста, беше креиран документ кој ги опишува актуелните трендови во развојот на занаетчиството, потоа дава компаративно-правната анализа на законодавството поврзано со занаетчиството на национално и меѓународно ниво, како и ги опишува резултатите и заклучоците од емпириското истражување и препораките од истражувањето.
Овие активности се спроведуваат како дел од субгрантиран проект во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
Тој цели да ја подобри деловната клима за креирање на нови бизниси во Македонија во областа на занаетчиството преку анализа на влијанието на регулативата во оваа сфера:
  • Идентификација и мерење на ефектите од имплементацијата на Законот за занаетчиство, со посебен фокус на директните и индиректните трошоци и придобивки кои оваа регулатива ги предизвикува, а се однесуваат пред се на  финансиското и материјалното работење на вршителите на занаетчиска дејност, јавните финансии, конкурентноста и претприемништвото, влијание врз регионалниот развој и проценка на влијанието врз животната средина.
  • Јакнење на капацитетите на вршителите на занаетчиска дејност да продуцираат конкретни препораки базирани врз основа на докази за унапредување на законската рамка која го уредува занаетчиството, со посебен фокус на новиот Закон за занаетчиство од 2015 година, но и останатите поврзани закони и правни акти.
  • Поттикнување на јавна дебата за потребата од вклученоста на сите засегнати страни при носењето на јавните политики, како и потребата за постојана ре-евалуација на политиките и нивна корекција, согласно влијанието кои истите го имаат врз носители на интереси.
  • Подобрување на деловната клима преку информирање на пошироката јавност за предизвиците кои постојат при имплементацијата на Законот за занаетчиство. 
Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ преку спроведеното истражување во врска со ефектите на Законот за занаетчиство, осознава дека постои слаба информираност на занаетчиите за законските регулативи и дека е потребен регистар на занаетчии со цел да се утврди точната бројка на занаетчии.  Потребна е промена во даночната политика, даноците се голем товар за занаетчиите, а Македонија од сите земји во регионот има најнизок праг за влез во ДДВ.
Резултатите од студијата укажуваат и на потребата да се подготви и нов систем на субвенционирање кој ќе биде рамномерно насочен кон потребите на различните занаетчии зависно од нивниот вид и големина, а особено за субвенционирање на чираци и занаетчии кои ангажираат чираци.  Исто така, потребно е да се преземат решителни мерки за имплементација на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност со цел да се намали нелојалната конкуренција кај занаетчиите.
Повеќе информации за студијата и препораките може да се најдат во Студијата за проценка на регулативата.

Галерија