Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Прирачници за креирање и следење на јавни политики во Поглавје 20

Во месец октомври годинава, содржината на националниот ресурсен центар на платформата „Поглавје 20“ се збогати со три прирачници за креирање и следење на јавните политики во Поглавје 20 наменети за граѓанските организации.

Прирачниците се дел од сетот на алатки и механизми за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за подобрување на разбирањето на процесите за креирање политики во Поглавје 20, како и подобрување на вештините за нивна анализа, следење и евалуација. Истите се дел од дигиталната библиотека на ресурсниот центар, заедно со останатите релевантни документи, обуки и видеа со цел подобрување и трансфер на знаење помеѓу клучните чинители.

1. ПРИРАЧНИК ЗА КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ ВО ПОГЛАВЈЕ 20

Овој прирачник се стреми да обезбеди целосна и детална рамка на процесот на креирање политики во Поглавје 20. Во тој контекст, прирачникот ги објаснува теоретските аспекти на процесот на креирање јавни политики и нуди практични примери на успешни политики во Поглавје 20 со цел да ги илустрира практичните аспекти и примената на различните алатки и инструменти кои им стојат на располагање на креаторите на политики.
Превземи прирачник

2. ПРИРАЧНИК ЗА АНАЛИЗА НА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ, ПОДГОТОВКА НА ДОКУМЕНТИ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ И ЗАСТАПУВАЊЕ И КОМУНИЦИРАЊЕ НА ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ВО ПОГЛАВЈЕ 20

Прирачникот има цел да го доближи до читателите процесот на анализа на јавни политики, типовите на анализа кои може да произлезат од согледувањето или набљудувањето на дадено политичко решение или програма, како и документите во кои може да се „спакува“ таа анализа. Дополнително прирачникот нуди знаење и за тоа како да се искомуницира и пласира во јавноста одреден документ или наод, како и начините да се влијае врз носителите на одлуки со цел нивно убедување и уверување дека е потребно воведување ново политичко решение или промена на постојното со цел унапредување на стандардот и благосостојбата на граѓаните.
Превземи прирачник


3. ПРИРАЧНИК ЗА МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОЛИТИКИТЕ ВО ПОГЛАВЈЕ 20

Овој прирачник има задача да развие методолошка рамка за мониторинг и евалуација на јавните политики во Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика. Пристапот којшто ќе биде користен при поставувањето на рамката се заснова врз нејзината применливост и практичност, односно да биде корисна и соодветна алатка при мониторинг и евалуација на јавните политики, особено во Поглавјето 20, а бидејќи ќе ги има предвид универзалните принципи, и во останатите Поглавја и области. 
Превземи прирачник


Активноста се реализира во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2015, и истиот го имплементираат проектните партнери Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“-Зрновци.