Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Експертски работилници за подобрување на реформскиот процес на преговарачкото Поглавје 20

Во текот на месеците ноември и декември 2018 година, првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“ реализираше серија од три експертски работилници на избрани теми од Поглавје 20:
 
1. „Состојбите и предизвиците во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“
2. „Пристап до финансии за малите и средни претпријатија“
3. „Поддршка и стимулирање на иновации кај малите и средни претпријатија“
 
Експертските работилници активно вклучија повеќе од 93 експерти, од кои претставници на Владата, Министерството за Економија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование, стопанските комори, кластерите, АППРМ, ФИТР, банките, технолошки паркови, инкубатори, иновациски центри, универзитети, хабови и претставници на останати релевантни организации.
 
Експертските работилници креираа можност за интеракција и зајакнување на  врските помеѓу релевантните засегнати страни така што истите содржеа отворени дискусии со учесниците, преглед на моменталните состојби, предизвици и препораки за унапредување на политиките за претпријатијата, како и инструментите и инфраструктирата за поддршка на иновациите и пристапот до финансии. На тој начин, тие ја истакнуваат важноста од инклузивното креирање и следење на политиките поврзани со Поглавје 20, во насока за понатамошно подобрување на реформскиот процес на Поглавје 20.
 
Целта на оваа активност е подготовка на релевантни документи за јавни политики што ќе ги содржат заклучоците и препораките од одржаните тематски работилници кои подоцна ќе бидат електронски поставени на ресурсниот центар на платформата, а исто така ќе бидат дистрибуирани и до сите засегнати страни.
 
Активноста се реализира во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

Галерија