Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Креирани кратки документи за јавни политики од областа на Поглавје 20

 
Платформата Поглавје 20, во состав на своите активности креираше 11 документи за јавни политики, врз база на спроведени повеќемесечни анализи, истражувања, како и експертски средби.

Целта на овие документи е да придонесе за унапредување на политиките во Поглавје 20, со цел долгорочно подобрување на конкурентноста на компаниите и деловната клима во земјата.

Документите за јавни политики се поставени во електронска верзија како дел од дигиталната библиотека на ресурсниот центар на платформата Поглавје 20 www.poglavje20eu.org заедно со останатите релевантни документи, обуки и видеа со цел подобрување и трансфер на знаење помеѓу клучните чинители, а воедно беа успешно промовирани и дисеминирани во печатена форма на македонски и англиски јазик до релевантните чинители за унапредување на политиките, за време на интернационалниот форум „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на Поглавје 20“ и на финалната конференција „Важноста на Поглавје 20 за процесот на приклучување кон ЕУ“. 

Превземи документи.

Активноста е спроведена во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската унија.