Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Важноста на единствениот пазар за долгорочен раст и развој

Во декември 2019, ПСМ Фондација започна со имплементација на проектот „Промовирање на мултилатерален дијалог и соработка со граѓанскиот сектор, јавните власти, бизнис секторот и медиумите за побрзо прилагодување кон единствениот пазар“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS).

Главна цел на проектот е промоција на придонесот на граѓанскиот сектор кон долгорочен одржлив раст преку забрзување на патот на земјата кон единствениот пазар. Специфичните цели на проектот вклучуваат:
  • Подигнување на свеста за придобивките, влијанието и важноста на единствениот пазар за подобрување на растот и конкурентноста на националната економија;
  • Јакнење на соработката со чинителите за промовирање на можностите за единствениот пазар за потрошувачите и бизнисите
  • Промовирање на усогласување за единствениот пазар преку креирање на документи за политики
Целните групи на проектот вклучуваат: граѓански организации, медиуми, претставници од властите, мали и средни претпријатија како и стартапи.
Во рамки на проектот кој ќе се спроведува во времетраење од 12 месеци предвидени се повеќе активности:
  • Креирање на национална кампања за подигнување на свеста за придобивките од единствениот пазар
  • Организирање на тематски работилници за граѓанските организации
  • Следење и придонесување кон политиките за подобри можности за потрошувачите и бизнисите
Спроведените активности се очекува да резултираат со организирани тематски работилници и регионална конференција, креирани видеа, инфографици и брошура за единствениот пазар, публикувани написи и документи за јавни политики. Овие резултати ќе придонесат кон активно вклучување на граѓанскиот сектор за забрзување на патот на земјата кон единствениот пазар, информирање на јавноста и зголемување на јавната свест за значењето на единствениот пазар, и подобро разбирање на клучните процеси за интегрирање на земјата кон ЕУ и усогласување со единствениот пазар.