Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Здружението на бизнис жени одржа обука за „Родова сензитивност во буџетирање, политики и претприемништво – препознавање и примена“

Здружението на бизнис жени одржа обука за „Родова сензитивност во буџетирање, политики и претприемништво – препознавање и примена“

Здружението на бизнис жени одржа обука за „Родова сензитивност во буџетирање, политики и претприемништво – препознавање и примена“

Во просториите на Општина Ѓорче Петров се одржува првата обука во рамки на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени го спроведува како субгрантист во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (ЈЕСНетворк+)”.

Целта на обуката е подигнување на нивото на знаење и препознавање на родовата компонента во наведените сегменти, за подобар прием на Стратегијата за развој на ЖП во РМ, нејзино прифаќање и имплементирање. Вакви обуки во наредниот период ќе бидат одржани и во градовите Битола, Велес, Куманово и Кичево.

Проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, кој ќе се спроведува во наредните 5 месеци има за цел подобрување на деловниот амбиент и подобра системска поддршка за развој на ЖП во РМ, воочи усвојувањето на Стратегијата за развој на женско претприемништво во Република Македонија, 2018-2022.

Денес, како почеток на проектните активности, воочи првата обука, беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Здружението на бизнис жени и Општина Ѓорче Петров. Со меморандумот се воспостави соработка помеѓу двете страни во насока на организирање на активности за потребите на проектот ,,Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатија во сопственост на жени”, како и за потребите за реализација на други тековни активности на Здружението на бизнис жени и Општина Ѓорче Петров, за јакнење на женското претприемништво.

Галерија