Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Работилница за можностите за кредитирање на мали и средни претпријатија и граѓански организации при користење на средства од ЕУ“

Се одржа „Работилница за можностите за кредитирање на мали и средни претпријатија и граѓански организации при користење на средства од ЕУ“
 
На 25-ти април 2018 (среда), во просториите на Стопанската Комора во Скопје со почеток од 12 часот, беше одржана „Работилница за можностите за кредитирање на мали и средни претпријатија и граѓански организации при користење на средства од ЕУ“

Работилницата е дел од проектните активности на Проектот „ЕУ Деск за иновативни финансиски пакети за подобра искористеност на европските фондови“(EU Desk – FINA4MA) кој го реализира Фондација за развој на мали и средни претприемништва Скопје (Регионален Бизнис Центар Скопје – РЕЦС Скопје).

Истиот е  под-грант  од Проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“,  финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015, а имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.

На настанот земаа присуство  претставници од банки, мали и средни претпријатија и граѓанскиот сектор. Светлана Киревска, Директор на Фондација за развој на мали и средни претприемништва ја отвори работлиницата со претставување на проектот, неговите аквности и резултати а потоа свое обраќање имаше и Проф.д-р.Зоран Шапуриќ, Министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните  претпријатија. Свое излгање имаше и  Проф. Јадранка Мршиќ – која преку презентација зборуваше за:

„Јакнење на капацитетот на малите и средните претпријатија за побрз економски раст„
„Банкарски ЕУ Деск и иновативни финансиски пакети за подобра искористеност на европските фондови“
Работлницата заврши со дискусија во која активно учество земаа претставници од банки, мали и средни претпријатија и граѓанскиот сектор.

Галерија