Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Стратешки развој на руралниот туризам

Стратешкиот развој на руралниот туризам

Зошто парите за развој на рурален туризам остануваат неискористени?

Само три до четири проценти од Европските фондови и владините програми се користат за развој на руралниот туризам. Истражувањето на невладината организација „Рурална коалиција“ покажа дека парите тешко стигнуваат до оние што решиле да се занимаваат со овој бизнис. Државата недоволно ги промовира програмите за подршка.

„Многу повеќе внимание да се посвети на информирањето, на промоцијата на ваквите мерки, теренското контактирање со самите сопственици се со цел секоја мерка да биде испромовирана и секако поддршката од државата во неговото искористување“ - изјави Лилјана Јоноски, извршен директор на „Рурална коалиција“

Сопствениците на капацитети велат дека условите кои се бараат од страна на европските фондови и ИПАРД програмите се многу сложени и недостижни за нив.

„Немаме капацитет да си го дозволиме тоа, условите се многу тешки, неприфатливи, ќе почнеме и се откажуваме“ - вели Зоран Петров, жител на с. Лесново

За развој на руралниот туризам требаат и подобри патишта, водовод и канализации по селата. За да заживее овој тип туризам потребни се и законски измени.
„Понатаму се потребни и промени во Законот за традиционално производство, олеснување на критериумите и во делот на даночната регулатива, да не се третираат како вообичаените туристички капацитети затоа што станува збор за помали капацитети кои имаат помали способности, во однос на финансиите и се останато“ - потенцира Јоноски

На Македонија и недостига категоризација на објектите и обучени луѓе. Лидер во регионот по развој на руралниот туризам засега е Бугарија, што заедно со Србија последните неколку години засилено вложува во развој на оваа гранка.