Европската комисија го објави Извештајот за шест земји од Западен Балкан и Турција, вклучувајќи ја и Македонија. Извештајот нуди преглед на напредокот на Македонија во исполнување на препораките на Комисијата од април 2018 година.
Платформата Поглавје 20, во состав на своите активности креираше 11 документи за јавни политики, врз база на спроведени повеќемесечни анализи, истражувања, како и експертски средби.
Како дел од активностите на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската унија, беше креирана и завршна публикација за истоимениот проект.
Финалната конференција за проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на поглавје 20“, финансиран од Европската унија, беше успешно одржана на 08.05.2019, во хотел Солун во Скопје.
Од 18-19 април 2019 година, во Хотел Арка, во Скопје се одржа првиот Интернационален форум на тема „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“.