Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Настани

    Изминати настани
  • Работилница за паметна специјализација и С3 дизајнирано учење

      09:30 h Feb 12 - 13:00 h Feb 13     Хотел „Холидеј Ин“ Скопје

    Организатор: TAIEX во соработка со Министерството за образование и наука

    Целта на работилницата е да обезбеди знаење за стратегијата за паметна специјализација, како нов концепт за иновативна политика, дизајниран за промовирање на бенефитетите од јавните инвестиции во истражување.  повеќе

  • Од 12 до 13 февруари во просториите на хотел „Холидеј Ин“  во Скопје ќе се одржи работилница за паметна специјализација и С3 дизајнирано учење.

    Целта на работилницата е да обезбеди знаење за стратегијата за паметна специјализација, како нов концепт за иновативна политика, дизајниран за промовирање на бенефитетите од јавните инвестиции во истражување.

    Паметната специјализација има за цел да понуди нови пристапи за остварување партнерства во областите на образование, истражување и индустрија во регионите, поддршка на иновации и поттикнување регионален развој и вработување, а притоа овозможувајќи им на регионите да се фокусираат на нивните предности.

    Настанот се реализира во организација на TAIEX во соработка со Министерството за образование и наука.


    АГЕНДА
  • Покана за следење на објаснувачки скрининг за Поглавје 20

      08:30 h Jan 29 - 13:30 h Jan 30     Секретаријатот за европски прашања (сала на 4 кат)

    Организатор: КАБИНЕТ НА ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА ЗАДОЛЖЕН ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

    Во периодот од 29-30.01.2019 г. во Брисел ќе се одржи објаснувачки состанок за Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика. Директен пренос ќе се врши во просториите на Секретаријатот за европски прашања...  повеќе

  • Започнат е процесот на објаснувачки состаноци за поглавјата од правото на ЕУ на кои се презентираат релевантните акти од страна на претставници на службите на  Европската комисија.
     
    Во периодот од 29-30.01.2019 г. во Брисел ќе се одржи објаснувачки состанок за Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика. Директен пренос ќе се врши во просториите на Секретаријатот за европски прашања (сала на 4 кат).

    Присуството може да се потврди на следните е-маил адреси:  elizabeta.buova@sep.gov.mk и marija.petrusevska@sep.gov.mk, со точно наведување на сесиите за кои заинтересираните  го пријавуваат присуството.

    Рокот за потврда на присуство  е 28.01.2019г, (понеделник), до крај на работно време.

    АГЕНДА



     

     
  • Експертска работилница „Поддршка и стимулирање на иновации кај малите и средни претпријатија“

      11:00 h Dec 14 - 14:30 h Dec 14     Хотел Александар ll Скопје (Конференциска сала 2)

    Организатор: ПСМ Фондација

    На ден 14-ти декември (петок) во хотел Александар II Скопје, со почеток од 11:00 часот ќе се одржи експертска работилница на тема „Поддршка и стимулирање на иновации кај малите и средни претпријатија“ во состав...  повеќе

  • На ден 14-ти декември (петок) во хотел Александар II Скопје, со почеток од 11:00 часот ќе се одржи експертска работилница на тема „Поддршка и стимулирање на иновации кај малите и средни претпријатија“ во состав на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, финансиран од Европската унија.

    Ова е послената од серијата на три експертски работилници, чијашто цел е подготовка на релевантни документи за јавни политики (policy briefs) што ќе ги содржат клучните заклучоци и препораки од одржаните тематски работилници.

    Третата експертска работилница опфаќа:
    • Инструменти на Поглавје 20 за поддршка на иновации
    • Инфраструктура за поддршка на иновации на МСП
    • Унапредување на иновативноста на македонските МСП
        Превземи АГЕНДА

    Експертските работилници е предвидено да вклучат 25 експерти од различни релевантни институции, а истите да содржат отворени дискусии со учесниците, преглед на моменталните состојби, предизвици и препораки за унапредување.

    Сите заинтересирани кандидати за учество на експертската работилница „Поддршка и стимулирање на иновации кај малите и средни претпријатија“ може да се пријават на следниот линк: https://goo.gl/Hdm4BB .

    Поради лимитиран број на учесници, заинтересираните кандидати дополнително ќе бидат контактирани за потврда на регистрацијата за учество.

    За сите претставници на институции и организации надвор од град Скопје, предвиден е надоместок за патните трошоци.

    Проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20” е во имплементација од страна на партнерските организации: Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој ЈАВОР.

    Контакт лице за дополнителни информации: Маја Лукарова 070 233 785.
  • Експертска работилница „Пристап до финансии за малите и средни претпријатија“

      11:00 h Dec 5 - 14:30 h Dec 5     Хотел Александар ll Скопје (Конференциска сала 2)

    Организатор: ПСМ Фондација

    Преку реализацијата на експертската работилница „Пристап до финансии за малите и средни претпријатија“ се цели кон подготовка на релевантни документи за јавни политики (policy briefs) што ќе ги содржат клучнит...  повеќе

  • На ден 05-ти декември (среда) во хотел Александар II Скопје, со почеток од 11:00 часот ќе се одржи експертска работилница на тема „Пристап до финансии за малите и средни претпријатија“ во состав на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, финансиран од Европската унија.

    Ова е втората од серијата на три експертски работилници, чијашто цел е подготовка на релевантни документи за јавни политики (policy briefs) што ќе ги содржат клучните заклучоци и препораки од одржаните тематски работилници.

    Втората експертска работилница опфаќа:
    • Национални извори на финансирање
    • Европски програми за финансирање МСП
    • Развој на нови производи и/или услуги за поддршка на пристапот до финансии за МСП
         Превземи АГЕНДА

    Експертските работилници е предвидено да вклучат 25 експерти од различни релевантни институции, а истите да содржат отворени дискусии со учесниците, преглед на моменталните состојби, предизвици и препораки за унапредување.

    Сите заинтересирани кандидати за учество на експертската работилница „Пристап до финансии за малите и средни претпријатија“ може да се пријават на следниот линк: https://goo.gl/ep5E5i .
    Поради лимитиран број на учесници, заинтересираните кандидати дополнително ќе бидат контактирани за потврда на регистрацијата за учество.

    За сите претставници на институции и организации надвор од град Скопје, предвиден е надоместок за патните трошоци.

    Проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20” е во имплементација од страна на партнерските организации: Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој ЈАВОР.

    Контакт лице за дополнителни информации: Маја Лукарова 070 233 785.
  • Експертска работилница „Состојбите и предизвиците во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“

      11:00 h Nov 27 - 14:30 h Nov 27     Хотел Александар ll Скопје (Конференциска сала 2)

    Организатор: ПСМ Фондација

    Ова е прва од серијата на три експертски работилници во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, чијашто цел е подготовка на релевантни докумен...  повеќе

  • На ден 27-ми ноември (вторник) во хотел Александар II Скопје, со почеток од 11:00 часот ќе се одржи експертска работилница на тема „Состојбите и предизвиците во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“, во состав на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, финансиран од Европската унија.

    Ова е прва од серијата на три експертски работилници, чијашто цел е подготовка на релевантни документи за јавни политики (policy briefs) што ќе ги содржат клучните заклучоци и препораки од одржаните тематски работилници.

    Првата експертска работилница опфаќа:
    • Принципи на политиката за претпријатија и индустриската политика
    • Инструменти на претпријатија и индустриска политика
    • Секторски политики
               Превземи АГЕНДА

    Експертските работилници е предвидено да вклучат 25 експерти од различни релевантни институции, а истите да содржат отворени дискусии со учесниците, преглед на моменталните состојби, предизвици и препораки за унапредување.

    Сите заинтересирани кандидати за учество на експертската работилница „ Состојбите и предизвиците во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“ може да се пријават на следниот линк: https://goo.gl/7GsY9L.
    Поради лимитиран број на учесници, заинтересираните кандидати дополнително ќе бидат контактирани за потврда на регистрацијата за учество.

    За сите претставници на институции и организации надвор од град Скопје, предвиден е надоместок за патните трошоци.

    Проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20” е во имплементација од страна на партнерските организации: Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој ЈАВОР.

    Контакт лице за дополнителни информации: Маја Лукарова 070 233 785.
  • Завршна конференција на проектот „Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни индустриски политики – студија на случај: машински и металопреработувачки сектор“

      12:00 h Sept 27 - 13:30 h Sept 27     МАНУ (мали сали 1 кат)

    Организатор: Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење

    Конференцијата се реализира во рамки на проектот: „Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни индустриски политики – студија на случај: машински и метало...  повеќе

  • Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ, заедно со Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење имаат чест да ве поканат на завршната конференција по повод финализирањето на проектот „Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни индустриски политики – студија на случај: машински и металопреработувачки сектор“.

    Активностите беа реализирани во рамките на проектот: „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“ финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015, имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.

    Конференцијата ќе се одржи на 27.09.2018 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во просториите на МАНУ (мали сали 1 кат). Во прилог ви ја доставуваме агендата за настанот. Ве молиме вашето присуство да го потврдите на e-mail: info@ncdiel.mk.

    АГЕНДА
  • Работилница за завршен извештај од пилотирање на моделот за мерење на успешноста во поддршката на МСП во четири општини во Р. Македонија

      14:00 h Sept 26 - 16:00 h Sept 26     Делегација на ЕУ – Скопје (ЕУ Инфо Центар)

    Организатор: Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000

    На работилницата се поканети организациите што беа вклучени во пилотирањето на моделот за мерење на успешноста во поддршката на МСП, на кои ќе им биде презентиран проектот и согледувања при имплементација на од...  повеќе

  • Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000 спроведува проект „Партнерство за успешност на инструментите за поддршка на МСП“ имплементиран од МКА 2000 со цел зајакнување на капацитетот на Граѓанските Организации за слeдење на политиките за конкурентноста на МСП преку развивање на алатки и модели за следење, оценка и мерење на успешноста на политиките за МСП и претприемништвото.

    Во рамките на проектот се разви модел за мерење на успешноста во поддршката на МСП од страна на граѓанските организации и  малите и средните претпријатија.  Во периодот април-мај 2018 моделот беше пилотиран во четири општини Скопје, Куманово, Штип и Прилеп, Со цел запознавање со постигнувањата на проектот и резултатите од спроведената анкета со претставници од општините, невладините организации и малите и средните претпријатија се организираме работилницата.

    На работилницата се поканети организациите што беа вклучени во пилотирањето на моделот на кои ќе им биде презентиран проектот и согледувања при имплементација на одделот во сите општини. На крај ќе се презентираат насоки за политиките на локално ниво за вклучување на граѓанските организации и МСП во планирањето на поддршката, нејзината испорака и начинот на мерење на успешноста на спроведените мерки и инструменти.

    АГЕНДА
  • Работилница во општина Штип во рамки на проектот „Партнерство за успешност на инструментите за поддршка на МСП“

      12:00 h Sept 15 - 14:00 h Sept 15     Место: Универзитетски ресторан, Штип

    Организатор: Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000

    Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000 организира работилница во рамки на проектот „Партнерство за успешност на инструментите за поддршка на МСП“ со цел запознавање со постигнувањата на проектот и резулт...  повеќе

  • Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000 спроведува проект „Партнерство за успешност на инструментите за поддршка на МСП“ имплементиран од МКА 2000 со цел зајакнување на капацитетот на Граѓанските Организации за слeдење на политиките за конкурентноста на МСП преку развивање на алатки и модели за следење, оценка и мерење на успешноста на политиките за МСП и претприемништвото.

    Повеќе за проектот на: https://www.facebook.com/Partnerstvo4MSP/

    Во рамките на проектот се разви модел за мерење на успешноста во поддршката на МСП од страна на граѓанските организации и малите и средните претпријатија. Во периодот април-мај 2018 моделот беше пилотиран во Општина Штип, со цел запознавање со постигнувањата на проектот и резултатите од спроведената анкета со претставници од општината, невладините организации и малите и средните претпријатија.

    На работилницата се поканети организациите што беа вклучени во пилотирањето на моделот на кои ќе им биде презентиран проектот и согледувања при имплементација на одделот во општина Штип. На крај ќе се презентираат насоки за политиките на локално ниво за вклучување на граѓанските организации и МСП во планирањето на поддршката, нејзината испорака и начинот на мерење на успешноста на спроведените мерки и инструменти.

    АГЕНДА
  • Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000 поканува за учество на работилница во општина Куманово во рамки на проектот „Партнерство за успешност на инструментите за поддршка на МСП“

      11:00 h Sept 13 - 14:00 h Sept 13     Ресторан- Пицерија Рим Париз Куманово

    Организатор: Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000

    Работилница во општина Куманово за запознавање со постигнувањата на проектот и резултатите од спроведена анкета со претставници од општината, невладини организации и малите и средните претпријатија во рамки на ...  повеќе

  • Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000 спроведува проект „Партнерство за успешност на инструментите за поддршка на МСП“ имплементиран од МКА 2000 со цел зајакнување на капацитетот на Граѓанските Организации за слeдење на политиките за конкурентноста на МСП преку развивање на алатки и модели за следење, оценка и мерење на успешноста на политиките за МСП и претприемништвото.

    Повеќе за проектот на: https://www.facebook.com/ Partnerstvo4MSP/

    Во рамките на проектот се разви модел за мерење на успешноста во поддршката на МСП од страна на граѓанските организации и малите и средните претпријатија. Во периодот април-мај 2018 моделот беше пилотиран во Општина Куманово. Со цел запознавање со постигнувањата на проектот и резултатите од спроведената анкета со претставници од општината, невладините организации и малите и средните претпријатија планираме да организираме работилница на 13.09.2018 година во периодот од 11 до 14 часот.

    На работилницата се поканети организациите што беа вклучени во пилотирањето на моделот на кои ќе им биде презентиран проектот и согледувања при имплементација на одделот во општина Куманово. На крај ќе се презентираат насоки за политиките на локално ниво за вклучување на граѓанските организации и МСП во планирањето на поддршката, нејзината испорака и начинот на мерење на успешноста на спроведените мерки и инструменти.

    Затоа ве покануваме да присуствувате на настанот, вашето присуство најавете го на mca2000info@gmail.com.

    АГЕНДА
  • Работилница „Партнерство за успешност на инструментите за поддршка на МСП“

      13:30 h Sept 4 - 15:00 h Sept 4     Mала сала - Општина Прилеп

    Организатор: Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000

    Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000 организира работилница во рамки на проектот „Партнерство за успешност на инструментите за поддршка на МСП“ со цел за презентација на проектот и вклучување на граѓан...  повеќе

  • Менаџмент Консалтинг Асоцијацијата - МКА 2000 спроведува проект „Партнерство за успешност на инструментите за поддршка на МСП“ имплементиран од МКА 2000 со цел зајакнување на капацитетот на граѓанските организации за слeдење на политиките за конкурентноста на МСП преку развивање на алатки и модели за следење, оценка и мерење на успешноста на политиките за МСП и претприемништвото.

    Во рамките на проектот се разви модел за мерење на успешноста во поддршката на МСП од страна на граѓанските организации и  малите и средните претпријатија.  Во периодот април-мај 2018 моделот беше пилотиран во Општина Прилеп. Со цел запознавање со постигнувањата на проектот и резултатите од спроведената анкета со претставници од општината, невладините организации и малите и средните претпријатија се организираме работилницата.

    На работилницата се поканети организациите што беа вклучени во пилотирањето на моделот на кои ќе им биде презентиран проектот и согледувања при имплементација на одделот во општина Прилеп. На крај ќе се презентираат насоки за политиките на локално ниво за вклучување на граѓанските организации и МСП во планирањето на поддршката, нејзината испорака и начинот на мерење на успешноста на спроведените мерки и инструменти.

    АГЕНДА