Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Членство

Членство во платформата

Како да се стане член

Пополнете ги Меморандумот и Етичкиот кодекс со податоците за Вашата организација и станете дел од првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика “Поглавје 20”!

Меморандум за членство

Пополнетите документи испратете ги скенирани на info@yes.org.mk. По добивање на испратени документи ќе ве контактираат одговорните лица од нашиот тим. За дополнителни информации контактирајте не на 02 3108 891.

Превземи ги документите за членство!  

Членови во платформата

Фондација Претприемачки Сервис за Млади

ПСМ фондацијата постои заради поттикнување на претприемништвото и зголемување на вработеноста кај младите, преку нивно оспособување да основаат сопствен бизнис.

Фондација Претприемачки Сервис за Млади

  Претприемништвото

www.yes.org.mk   contact@yes.org.mk   02 3103 660   Софија Цали Кузманова

ПСМ фондацијата постои заради поттикнување на претприемништвото и зголемување на вработеноста кај младите, преку нивно оспособување да основаат сопствен бизнис. ПСМ фондацијата стои зад нив со поддршка преку многубројни активности и субвенции со цел да помогне во локалниот развојот на моментално најпридонесувачкиот сектор на мали и средни претпријатија (МСП).

Визија

Нашата визија е да станеме лулка на претприемништвото. Да бидеме производител на иновации и нови бизниси преку постојан обрт на нови бизнис идеи кои ќе дадат поголем придонес во развојот на националната економија.

Цел

Наша цел е да се привлечат младите кои се иновативни, кои имаат идеи да започнат бизнис, да им се обезбеди обука за бизнис познавања, да се поврзат со соодветните бизниси партнери со цел да станат компетитивни на глобалниот пазар, за да се забрза напредокот на малите и средните претпријатија како носители на националната економија.

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување е приватна непрофитна фондација основана во 2002 година со мисија да го поттикнува економскиот раст за доброто на сите.

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување

  Економски развој, истражување и иновиации, животна средина

www.mir.org.mk   mir@mir.org.mk   +389 2 3108 891   Емилија Митевска

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување е приватна непрофитна фондација основана во 2002 година со мисија да го поттикнува економскиот раст за доброто на сите. Концептот на одржлив развој со неговата економска, еколошка и социјална димензија преставува основа за реализација на нашата мисија. Работиме во партнерство со македонските компании за да им помогнеме да се развиваат, иновираат и воспостават бизнис и технолошки партнерства на глобалниот пазар. На тој начин, го поддржуваме одржливиот економски раст, регионалниот развој и обезбедувањето на вработување. Го трансформираме знаењето и иновациите во можности за зголемена конкурентност и технолошко општество. Промовираме еко-иновации и ги трансформираме еколошките предизвици во бизнис можности. Иновираме и истражуваме за да го поддржиме растот на бизнисите и општеството.

ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Се стремиме да го поддржиме економскиот развој на земјата прека поддршка на постојните бизниси и поттикнување на растот на нови бизниси.

ИСТРАЖУВАЊЕ И ИНОВАЦИИ

Ги поддржуваме истражувањето и технолошкиот развој. Придонесуваме кон долгорочниот економски раст преку промовирање на иновации и трансфер на технологии.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Ја поддржуваме зелената економија преку еко-иновации, пружање на услуги од областа на животната средина и промовирање на примената на енергетско ефикасни производи и практики.

Здружение на бизнис жени

Здружение на бизнис жени има за цел да обезбеди поврзување на бизнис жени на локално, регионално, национално ниво и на меѓународен план со цел да допринесе во развојот на сопствен бизнис и презентирање на разли...

Здружение на бизнис жени

  претприемништво

www.abwmacedonia.weebly.com   contact@abw.mk   070 353 835   Наташа Здравковска

Здружението обезбедува поврзување на бизнис жени на локално, регионално, национално ниво и на меѓународен план со цел да допринесе во развојот на сопствен бизнис, презентирање на различните можности и потреби идентификување и користење на расположливи странски и домашни ресурси (партнери, знаење, нови пазари, капитал, технологија, вмрежување и сл.)

Визија: Здружението на бизнис жени претставува специфичен и компетентен партнер во дијалогот на државниот, невладиниот и приватниот сектор, што придонесува за социјален и економски развој , со посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економскиот раст.

Мисија: Здружението на бизнис жени има водечка улога во организирање на дијалог и соработка помеѓу деловните жени, со цел да се обезбеди поддршка и промоција на жените претприемачи во Македонија. Здружението е активно ангажирано во застапувањето за подобрување на бизнис климата и во поттикнувањето на вмрежување на локално, регионално и меѓународно ниво

Фондација за развој на МСП

Фондацијата за развој на мали и средни претприемништва - Скопје е основана во 1998 година во рамките на Интегралната програмата ФАРЕ за поддршка мали и средни претпријатија.

Фондација за развој на МСП

  претприемништво

www.recs.org.mk   svetlanakirevska@recs.org.mk   (02) 3239 053   Светлана Киревска

Фондацијата за развој на мали и средни претприемништва - Скопје е основана во 1998 година во рамките на Интегралната програмата ФАРЕ за поддршка на малите и средни претпријатија. Правниот статус на Фондацијата, е невладина и непрофитна организација. 

Нејзини основачи се:

Градот Скопје
Занаетчиската комора на Град Скопје 

МИСИЈА

Воспоставување на конкурентска предност на Град Скопје преку поддршка и имплементација на иницијативите за забрзан локалниот економски развој и поддршка на програмите за прогресивен раст на малите и средни претпријатија.

Рурална Коалиција

​Рурална Коалиција – Куманово има за цел да ги обедини земјоделците и руралното население во Република Македонија.

Рурална Коалиција

  рурален развој

www.rural.mk   rkoalicija@gmail.com   078 303 735   Лилјана Јоноски

Рурална Коалиција – Куманово има за цел да ги обедини земјоделците и руралното население на Република Македонија, во силна и препознатлива организација, која ќе ги штити нивните економски, социјални и културни интереси, ќе се залага за унапредување на можностите за развој на агро-бизнисот и рамномерен регионален развој на руралните подрачја во Република Македонија, и ќе влијае на политиките и стратегиите во државата, за да обезбеди поквалитетен живот за граѓаните што ги застапува. Ќе делува со пренесување на знаење добиено преку посредување и на други релеватни институции, експерти и слично како од Македонија така и од странство.

Визија: Достоен социо-економски статус на руралното население

Мисија: Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и животниот стандард, преку профитабилни семејни бизниси во склад со природата, заштитувајки ја животната средина.

Здружение Институт за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ

ИСИЕ е граѓанска организација на млади истражувачи формирана со примарна мисија за поттикнување на истражувањето на стратешките проблеми во Македонија и регионот, особено во областа на образованието и науката.

Здружение Институт за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ

  стратешки истражувања

www.isie.org.mk   isie@mail.org   н/а   Мишо Докмановиќ

ИСИЕ е граѓанска организација на млади истражувачи формирана со примарна мисија за поттикнување на истражувањето на стратешките проблеми во Македонија и регионот, особено во областа на образованието и науката. ИСИЕ цели да  ги информира и едуцира граѓаните и да понуди одржливи решенија во области како демократијата и  пазарната економија. 

ИСИЕ се залага за промовирање на европските вредности и најдобрите практики во образованието и науката, иновација на наставниот процес и унапредување на  позицијата на научниците во општеството.

Нашата мисија се спроведува преку анализа на клучните предизвици во општеството, понуда на конкретни решенија за подобрување на образованието и науката во земјата и регионот, континуирано образование и обука за младите, како и активно лобирање за унапредување на овие сегменти во општеството.

Асоцијација на менаџмент консултанти МКА 2000

МCA 2000 работи на промовирање на менаџмент консалтинг според највисоки светски стандарди

Асоцијација на менаџмент консултанти МКА 2000

  Консалтинг

www.mca-2000.weebly.com   mca2000info@gmail.com   (0)2 3216 903   Васко Темелкоски

МCA 2000 работи на промовирање на менаџмент консалтинг според највисоки светски стандарди


Мисинја на  MCA 2000

MCA 2000 придонесува кон националната конкурентност преку подобрување на вештините и професионализмот на своите членови и зајакнување на способностите на клиентите, ги претставува интересите на своите членки и на професијата во целост, настапува во името на професијата пред Владата, законодавните институции и пошироката заедница, работи на подобрување на стручните и менаџмент способностите на своите членки, работи на создавање на предуслови за поефикасно работење на своите членки 

Стопанска Комора на Македонија-Турција

Стопанска Комора на Македонија-Турција е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација која активно работи на развивање и промоција на бизнис можностите измеѓу двете земји.

Стопанска Комора на Македонија-Турција

  претприемништво

www.matto.com.mk   matto@matto.com.mk   02/ 310 12 20   Љубица Нури

Стопанска Комора на Македонија-Турција е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација  која  активно работи на развивање и  промоција на бизнис можностите измеѓу двете земји. 

Стопанска Комора за туризам на Македонија

Стопанската Комора за туризам во Македонсија е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, формирана во 2008 годин која активно работи на поддршка, промоција и развој на туризмот како индуст...

Стопанска Комора за туризам на Македонија

  претприемништво

sktm.org.mk   sktm@sktm.org.mk   02/ 3292 105   н/а

Стопанската Комора за туризам во Македонсија е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, формирана во 2008 годин која  активно работи на  поддршка, промоција и развој на туризмот како индустриска гранка, остварување услови за зголемен раст на бизнисот на стопанствениците - туристичи работници, а со тоа и зголемување на работни места во секторот туризам.

Институт за развој на заедницата

Институт за развој на заедницата се стреми кон различно и хармонично општество без предрасуди - општество на среќни граѓани.

Институт за развој на заедницата

  Демократско општество

www.irz.org.mk   infо@irz.org.mk   078 303 074   Маја Кироска


Институт за развој на заедницата се стреми кон различно и хармонично општество без предрасуди - општество на среќни граѓани.

Институтот за развој на заедницата е одржлива граѓанска организација која работи на градење на демократско и мултиетничко општество преку зајакнување на капацитетите на поединци, организации и институции.