Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Последна НППА ревизија

Поглавје 20 - Последна НППА ревизија

Националната програма за усвојување на правото на Европската унија – НПАА

 
Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА) е сеопфатен долгорочен документ кој ја дефинира динамиката на усвојувањето на правото на ЕУ, стратегиските насоки, политиките, реформите, структурите, ресурсите и роковите што треба да се реализираат со цел Република Македонија да ги исполни условите за членство во Европската унија. НПАА:
  • утврдува детален план и распоред за усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ (acquis communautaire) и ги определува надлежните институции и органи за негова подготовка и спроведување;
  • става посебен акцент на административните структури за спроведување на законодавството во насока на формирање нови или реформирање на постојните институции, како и за обезбедување на соодветен обучен кадар;
  • опфаќа средства од буџетот и од фондовите за странска поддршка потребни за спроведување на предвидените задачи, како основа за натамошното стратегиско планирање и за планирањето на Буџетот на Република Македонија и
  • јасно ги утврдува временските рокови за усвојување на правото на ЕУ.
НПАА ја следи структурата на копенхашките и на мадридските критериуми, односно ги опфаќа: политичките критериуми, економските критериуми, способноста да се преземат обврските од членството, административниот капацитет, подготовката на Националната верзија на правото на ЕУ и информирањето и комуникацијата со јавноста.
Програмата структурално е поделена на наративен дел со матрица на цели и активности и табеларен дел прилози– и тоа:
  • Прилог 1 - Преглед на националните правни акти кои се предмет на усогласување со законодавството на ЕУ (со ЕУ мерките и меѓународните стандарди кои во нив ќе се транспонираат), со рокови за усвојување, надлежни институции и статус на постапката на нивното усвојување).
  • Прилог 2- Дистрибуција на работни места
  • Прилог 3- Проектирани буџетски средства
  • Прилог 4- Инструмент за претпристапна помош (ИПА) и друга странска помош, и TAIEX обуки
НПАА, исто така претставува значаен извор на информации за деловниот и економскиот сектор во планирањето на идните активности и овозможува јавноста да го осознае и следи процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија. Затоа НПАА е значаен инструмент за транспарентноста на работата на Владата на Република Македонија.
 

НПАА Ревизија 2016-2018

НПАА е резултат на заемната соработка на сите надлежни институции во Република Македонија во процес координиран од Секретаријатот за европски прашања и истата ќе послужи за формулирањето на преговарачките позиции на Република Македонија по започнувањето на преговорите за членство во Европската унија. Оваа програма, за првпат усвоена во 2006 година, се ревидира и ажурира годишно со активности кои произлегуваат од редовните извештаи на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, како и од краткорочните и среднорочните приоритети од Партнерството за пристапување.
Последната ревизија на НПАА од декември 2015, за делот на претпријатија и индустриска политика, наведува дека ќе се продолжи со мерките за подобрување на деловната клима и дијалогот со бизнис заедницата за создавање и водење бизнис, отстранување на административните бариери со понатамошна имплементација на регулаторната гилотина и РИА, водење политики и програмски активности за создавање и поттикнување на конкурентна економија базирана на знаење, иновации, привлекување странски инвестиции, развој на претприемништво, кластеринг и извозна ориентација.
Од аспект на подобар пристап до финансии, се наведува дека се значајни активностите на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој, можностите кои се нудат преку Програмите на Заедницата, КОСМЕ и ХОРИЗОНТ 2020, регионалниот проект „Платформа за развој на претпријатијата и иновации за Западен Балкан“, како и од отворената канцеларијата на Регионалниот фонд за иновации ENIF во Скопје. Понатака се наведува дека со носењето на новата Стратегија за развој на МСП по угледот на Актот за мали бизниси и Стратегијата за конкурентност, се очекуваат нови иницијативи и мерки за поддршка на развојот на секторот претпријатија.

Корисни линкови:
http://www.sep.gov.mk/content/?id=96#.WXHVvoiGNEY
http://www.sep.gov.mk/content/?id=73#.WXHWgYiGNEY