Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Настани

    Изминати настани
  • ВЕБИНАР „Социјално претприемништво“

      12:00 h Mar 20 - 13:00 h Mar 20     http://www.balkanmed-innova.eu/moodle/

    Организатор: ПСМ Фондација

    ПСМ Фондација ги поканува сите мали и средни компании да учествуваат на бесплатниот вебинар „Социјално претприемништво“. Вебинарот ќе се одвива на база на студија на случај каде учесниците ќе имаат можност да д...  повеќе

  • Датум: 20.03.2020 (петок)
    Час: 12.00ч
    Целна група: Мали и средни претпријатија
    Јазик: Англиски
    Котизација: Бесплатно
     
    ЗА ВЕБИНАРОТ
    ПСМ Фондација ги поканува сите мали и средни компании да учествуваат на бесплатниот вебинар „Социјално претприемништво“. Вебинарот ќе се одвива на база на студија на случај каде учесниците ќе имаат можност да дискутираат и разменуваат мислења со останатите учесници на прашања поврзани со примерот кој ќе се обработува.
     
    ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ
    Учесниците на вебинарот ќе имаат можност да се запознаат со следните аспекти:
    • Што е социјално претприемништво
    • Основни принципи
    • Потреби и социјални проблеми
    • Видови на социјални бизниси во ЕУ
    • Важноста на социјалното претприемништво
    • Предизвици и приоритети
    • Социјални бизниси во Македонија
     
    ПРИЈАВУВАЊЕ
    За учество на вебинарот потребно е да се регистрирате на следниот линк, а набрзо потоа ќе добиете потврда на е-мејл со линк за регистрација на платформата каде ќе се одржи вебинарот.
     
    МОДЕРАТОР
    Проф. д-р Радмил Поленаковиќ – редовен професор на Машинскиот Факултет Скопје, на предметите: Претприемништво и мал бизнис, иновациски менаџмент, менаџмент на човечки ресурси, логистика итн. Автор и коавтор е на повеќе од 300 трудови, а учествувал во реализација на повеќе од 100 меѓународни и домашни проекти од разни програми. Професор Поленаковиќ учествувал во развојот на повеќе стратешки документи во областа на претприемачкото учење, кластерско работење, иновациите итн. Основач е и раководител на првиот универзитетски Бизнис старт-ап центар во земјата во 2006 година. Ги воспоставува Националниот натпревар за бизнис план за средни учичишта и за студенти, при што до денес биле основани 60 старт-ап компании. Во 2009 година професор Поленаковиќ го основа Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Гостувачки професор е на УНЕСКО Катедрата за претприемништво на Универзитетот во Нови Сад, Србија. Член е на Европската академија на науките и уметностите.
     
    ДОКУМЕНТИ ЗА ВЕБИНАРОТ
    Презентација
    Студија на случај
     
    За повеќе информации контактирајте не на contact@yes.org.mk или 02 3108 891.
    Вебинарот се организира во рамки на проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.
  • КОНФЕРЕНЦИЈА: “Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш!”

      10:00 h Jan 9 - 14:30 h Jan 9     Европски Универзитет - Скопје

    Организатор: Европски Универзитет и ПСМ Фондација

    На 9-ти јануари 2020 година, проектниот конзорциум предводен од Европскиот Универзитет - Скопје, организира Финална конференција „Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш“, која ќе започне од 10.00ч...  повеќе

  • На 9-ти јануари 2020 година, проектниот конзорциум предводен од Европскиот Универзитет - Скопје, организира Финална конференција „Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш“, која ќе започне од 10.00ч на Европскиот Универзитет.

    Целта на конференцијата е зголемување на свеста за значењето на циркуларната економија, која повеќе години е дел од приоритетите и стратешките документи на Европската Унија, а е приоритет и за македонските компании и институции со цел да се зајакне свеста и целокупната економија да се ориентира кон циркуларна економија.

    Конференцијата е дел од проектот „Онлајн магистерски студии за циркуларна економија“, финансиран од програмата Erasmus+ на Европската Унија, а спроведуван од Европски Универзитет и ПСМ Фондација од Македонија, Универзитетот за применети науки од Латвија, Зелена Инфраструктура од Хрватска и Факултетот за комерцијални и деловни науки од Словенија.

    Циркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Циркуларната е алтернативна на традиционалната линеарна економија, и во неа ресурсите се користат што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и создаваат нови производи и материјали.

    Во состав на проектот беше спроведено истражување за состојбата и перцепциите на компаниите за циркуларната економија, се креираа Водич со добри практики, наставна програма за Магистерски студии за циркуларна економија, а се подготвија и наставни материјали - книги и соодветни онлајн материјали за учење.

    Регистрирај се за конференцијата!
  • Конференција „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“

      11:00 h Dec 4 - 16:00 h Dec 4     Хотел Мериот, Скопје

    Организатор: Стопанската комора на Македонија

    Конференцијата „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“, организирана од страна на Стопанската комора на Македон...  повеќе

  • Конференцијата „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“, организирана од страна на Стопанската комора на Македонија, Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како координаторот на проектот и Техничкиот универзитет во Виена.

    Спроведените активности во рамки на проектот доведоа до зголемување на конкурентноста на селектираните домашни компании и нивно проактивно вклучување во синџирот на добавувачи на странските инвеститори.

    Во таа насока ќе бидат презентирани анализите, препораките и резултатите од реализираните индустриски проекти во домашните претпријатија, како и моделите за успешна  соработка на домашните компании со странските инвеститори во државава. Искуствата и резултатите ќе претставуваат насоки за понатамошно унапредување на соработката на домашните и странски компании со имплементирање на успешни индустриски проекти во рамки на домашните компании во насока на зголемување на конкурентноста на домашната економија. 

    Конференцијата ќе се одржи на 4 декември 2019 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Мериот“ во Скопје.

    Ве молиме, потврдете го Вашето учество, најдоцна до 29-ти ноември 2019 (петок) година кај контакт лицето: м-р Ивана Крстевска на е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: (+389) 3244 051.

  • Меѓународен настан за вмрежување од енергетската ефикасност

      10:00 h Dec 4 - 15:30 h Dec 4     Хотел Александар Палас, Скопје

    Организатор: Enterprise Europe Network во Македонија

    Настанот за вмрежување е дел од меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода „RENEXPO®“ кој ќе се одржи на 3ти и 4ти декември во хотел Александар Палас во Скопје. Во р...  повеќе

  • Enterprise Europe Network во Македонија ги поканува сите компании и организации кои работат на полето на енергетската ефикасност да земат учество на првиот настан за вмрежување со компании од поширокиот регион кој ќе се одржи на 4ти декември во хотел Александар Палас во Скопје.

    Настанот за вмрежување е дел од меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода „RENEXPO®“ кој ќе се одржи на 3ти и 4ти декември во хотел Александар Палас во Скопје. Во рамки на саемот ќе се одржат повеќе тркалезни маси на теми поврзани со енергетската ефикасност, ќе бидат изложени иновативни решенија на компании од секторот и ќе бидат организирани б2б средби за вмрежување на компании. Повеќе информации за саемот се достапни на веб страната http://www.renexpo-nmk.com/mk/home-mk/.

    Се повикуваат сите заинтересирани компании кои сакаат да учествуваат на б2б средбите да се регистрираат на веб страната http://match4energywastewater.talkb2b.net, каде ќе можат да креираат сопствен профил и да закажуваат состаноци со компании за потенцијална соработка од Србија, Австрија, Италија, Хрватска, Чешка и Грција.
    Учеството на настанот е бесплатно.

    Лице за контакт и повеќе информации:
    Емилија Андонова, emilija.adnonova@mir.org.mk, телефон 02 3108 891, Фондација за менаџмент и индустриско истражување – Скопје.
  • 3-та Регионална конференција на евалуатори од Западен Балкан и Југоисточна Европа

      08:30 h Nov 8 - 17:30 h Nov 9     Белград Арт Хотел, ул. Кнез Михајлова бр. 27

    Организатор: WBEN Western Balkan Evaluation Network

    Во организација на МЕЗБ (WBEN Western Balkan Evaluation Network) на 8 и 9ти ноември во Белград се одржува 3-та Конференција на евалуатори од Западен Балкан и Југоисточна Европа.  повеќе

  • Мрежа на Eвалуатори од Западен Балкан е регионална мрежа на евалуатори која работи веќе 6 години и се залага за поголема и поефективна употреба на евалуацијата како инструмент за учење и отчетност во спроведувањето на државните стратегии, политики, програми, проекти, закони, мерки и тоа на централно и локално ниво.
    Во организација на МЕЗБ (WBEN Western Balkan Evaluation Network) на 8 и 9ти ноември во Белград  се одржува 3-та Конференција на евалуатори од Западен Балкан и Југоисточна Европа. 

    На конференцијата ќе бидат опфатени интересни теми на кои ќе дискутираат многубројни говорници од Регионот и пошироко. 
  • ПСМ Фондација учесник на конференцијата „Unveiling Serbia's Smart Specialisation Strategy and exploring the role of incubators, accelerators and S&T Parks in delivering sector specific support in the Western Balkans and South-East Europe"

      09:00 h Oct 15 - 17:00 h Oct 16     Научно- Технолошки парк Белград

    Организатор: Заедничкиот центар за истражување на Европската Комисија и EU4TECH Western Balkans

    На 15 и 16ти октомври во Научно Технолошкиот Парк во Белград се одржува конференцијата "Unveiling Serbia's Smart Specialisation Strategy and exploring the role of incubators, accelerators and S&T Parks in deliv...  повеќе

  • На 15 и 16ти октомври во Научно Технолошкиот Парк во Белград се одржува конференцијата "Unveiling Serbia's Smart Specialisation Strategy and exploring the role of incubators, accelerators and S&T Parks in delivering sector specific support in the Western Balkans and South-East Europe".
    Целта на настанот е да се претстави Стратегијата за паметна специјализација на Србија заедно со можностите и предизвиците за секторската специјализација на Научно технолошките паркови, акцелератори и инкубатори во поширокиот регион на Југо-Источна Европа.

    Дводневниот настан е ко-организиран од страна на Заедничкиот центар за истражување на Европската Комисија и EU4TECH Western Balkans, проект финансиран од DG NEAR и Министерството за Образование, Наука и Технолошки развој на Србија. Првиот ден од конференцијата се фокусира на Стратегијата за паметна специјализација во Србија и нејзините приоритетни домени како информациските и комуникациските технологии,  креативните индустрии и „food for the future“. На вториот ден учесниците ќе ја дискутираат улогата кои научните паркови и инкубаторите во Западен Балкан и регионот на Југо-Источна Европа ја имаат во поддршката на новите приоритети на Паметната Специјализација.

    Софија Цали Кузманова, проектен менаџер во ПСМ Фондација и бизнис инкубатор е учесник на конференцијата, како претставник на еден од најстарите бизнис инкубатори и значаен чинител во промовирањето и поддршката на претприемиштвото во земјата.
  • Манифестација за доделување сертификати “Фер за Потрошувачот”

      12:00 h July 30 - 15:00 h July 30     хотел „Александар Палас“, Скопје

    Организатор: Организацијата на потрошувачите, ЗБК Креација и Асоцијацијата Зенит

    На 30-ти јули 2019, во хотел Александар Палас, ќе се одржи манифестација за доделување на сертификати на компании „Фер за потрошувачот“.  повеќе

  • На 30-ти јули 2019, во хотел Александар Палас, ќе се одржи настан за доделување на сертификати на компании „Фер за потрошувачот“. Настанот се одржува во рамки на проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, што го спроведуваат Организацијата на потрошувачите, ЗБК Креација и Асоцијацијата Зенит.

    Како дел од настанот ќе се одржат и панел дискусии наменети за граѓански организации, претставници од компаниите и институциите. 

    Во рамки на настанот ибраните компании ќе добијат сертификат „Фер за потрошувачот“ - т.е  компании со јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите. Сертификацијата означува дека компаниите се грижат за производите, за услугите, дека имаат фер практики кон потрошувачите, односно дека се грижат потрошувачите да бидат задоволни, а исто така дека обрнуваат внимание на производите да не бидат штетни за животната средина.

    Сертификатот се издава од сертификациско тело кое е креирано од трите организации (Организацијата на потрошувачите, ЗБК Креација и Асоцијацијата Зенит) со повеќегодишно искуство при заштита на потрошувачите и унапредување на конкурентноста на македонската економија. 
  • Втора пленарна конференција на НКЕУ-МК

      10:15 h June 5 - 18:00 h June 5     Министерство за Надворешни Работи

    Организатор: Европско движење Северна Македонија,

    На овој настан ќе бидат претставени резултатите од двегодишното работење на НКЕУ-МК како отворена платформа за стручен дијалог поврзан со Евроинтеграциските процеси на нашата држава.  повеќе

  • Европско движење Ве поканува на II Пленарна конференција на Националната конвенција за Европска унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК). 

    На овој настан ќе бидат претставени резултатите од двегодишното работење на НКЕУ-МК како отворена платформа за стручен дијалог поврзан со Евроинтеграциските процеси на нашата држава. НКЕУ-МК за сега дејстува во четири поглавја од Претпристапните преговори: Поглавје 11 (Земјоделство и рурален развој); Поглавје 19 (Социјална политика и вработување); Поглавје 23( Правосудство и основни права) и Поглавје 24 (Правда, Слобода и Безбедност). Овој проект е подржан од УСАИД и СловакАид и , а се реализира под менторство на Асоцијацијата за надворешни работи на Р. Словачка.  

    Ова е настан каде релевантни чинители (претставници на граѓанскиот сектор, претставници на институциите, универзитетски професори и други) ќе ги изразат своите видувања во однос на актуелните состојби во релевантнтие поглавја.
     

    По завршувањето на работниот дел на Пленараната конференција ќе се одржи петтата сесија на Работната група 3 - Правосудство и основни права. Повеќе детали за говрниците има во Агендите во прилог.
     

    Заради безбедносниот протокол во Министерството за Надворешни Работи, Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на настаните најдоцна до 3 Јуни 2019 во 12.00.


    ВТОРА ПЛЕНАРНА СЕСИЈА

    АГЕНДА НА РАБОТНА ГРУПА 3

  • Финална конференција „Важноста на Поглавје 20 за процесот на приклучување кон ЕУ“

      11:00 h May 8 - 14:15 h May 8     Хотел Солун

    Организатор: ПСМ Фондација

    Целта на финалната конференција е да ги сумира резултатите и придобивките од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“ финансиран од Европската Унија, как...  повеќе

  • На 08-ми мај со почеток во 11:30 часот во хотел „Солун“ во Скопје ќе се одржи финална конференција на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на поглавје 20“, финансиран од Европската унија.

    Целта на финалната конференција е да ги сумира резултатите и придобивките од проектот, како и да придонесе за промоција на Платформата поглавје 20. Дополнително, на конференцијата ќе биде промовиран и ресурсниот центар www.poglavje20eu.org како и креираните едукативни видеа, прирачници и документи за политики кои ќе бидат достапни во печатена форма. На конференцијата со индивидуални презентации ќе настапат и граѓанските организации (регрантисти) - имплементаторите на осумте национални проекти кои беа финансирани преку грантовата шема на проектот. 

    Учеството на конференцијата е отворено за сите заинтересирани кои делуваат во областите на преговарачкото Поглавје 20 или се активни чинители во реформскиот процес на поглавјето.
     
    Регистрација на учесници на следниот линк, најдоцна до 05.05.2019.
    Агенда за конференцијата.

    Проектот кој започна со имплементација во мај 2017 година, придонесе да се постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20 на национално и локално ниво, да се подобри координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители како и да се подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ . Проектот е имплементиран од Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.

    Контакт информации:
    Маја Лукарова, maja.lukarova[AT]yes.org.mk, +389 70 233 785, +389 2 3103 660
    Софија Цали Кузманова, sofija.cali[AT]yes.org.mk, +389 76 468 031, +389 2 3108 891
  • Интернационален форум „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“

      09:30 h Apr 18 - 15:30 h Apr 19     Хотел АРКА, Скопје

    Организатор: ПСМ Фондација

    Дво-дневниот Интернационален форум има за цел да овозможи вмрежување како и размена на добри практики во областа на поглавје 20.  повеќе

  • ПСМ Фондација во состав на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, организира Интернационален форум на тема „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“, од 18-19 април 2019 година, во Хотел Арка, во Скопје.

    Дво-дневниот Интернационален форум има за цел да овозможи вмрежување како и размена на добри практики во областа на поглавје 20. Покрај можностите за вмрежување на интернационално ниво, настанот ќе овозможи и промоција на активностите на новоформираната платформа „Поглавје 20“, како и ќе промовира регионална соработка за креирање на подобри индустриски политики и политики за малите и средни претпријатија.

    Во состав на форумот планирани се панел дискусии како и средби за вмрежување помеѓу граѓанските организации и институциите од регионот со цел трансфер на знаење и размена на добри практики. Форумот предвидува да вклучи 70 учесници, експерти во областа на поглавје 20, претставници од релевантни национални и регионални инстиуции, стопански комори, бизнис инкубатори, технолошки паркови, факултети и компании.

    АГЕНДА за настанот.

    Сите чинители кои се заинтересирани да земат учество во овој настан со што ќе придонесат во унапредување на реформскиот процес на поглавје 20, може да се пријават на следниот линк: https://chapter-20-forum.b2match.io/ 
    По доставената пријава, потребна е потврда од организаторите за вашето учество.

    За сите учесници на дво-дневниот интернационален форум, обезбедени се храна и освежување во состав на проектот.

    За странските учесници, предвидено е покривање на патни трошоци и хотелско сместување за два дена во Хотел Арка, Скопје.
     
    Контакт информации:
    Софија Цали Кузманова, sofija.cali[AT]yes.org.mk, +389 76 468 031, +389 2 3108 891
    Маја Лукарова, maja.lukarova[AT]yes.org.mk, +389 70 233 785, +389 2 3103 660