Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Настани

    Изминати настани
  • Пoдобрување на можностите за финансирање на малите и средни претпријатија во Република Македонија: предизвици и перспективи

      12:00 h June 29 - 14:00 h June 29     Правен факултет “Јустинијан Први“ (свечена сала) бул. Гоце Делчев бр.9

    Организатор: Центар за европско применето право и економија (ЦЕППЕ)

    Центарот за европско применето право и економија (ЦЕППЕ) ве поканува на настан на тема "Пoдобрување на можностите за финансирање на малите и средни претпријатија во Република Македонија: предизвици и перспекти...  повеќе

  • Центарот за европско применето право и економија (ЦЕППЕ) ве поканува на настан на тема  "Пoдобрување на можностите за финансирање на малите и средни претпријатија во Република Македонија: предизвици и перспективи" што ќе се одржи на Правениот факултет “Јустинијан Први“ (свечена сала) бул. Гоце Делчев бр.9.
     
    П Р О Г Р А М А
    12.00.-12.10: Пристигнување и регистрација на учесниците  
    12.10-12.30: - Отварање на трибината и поздравно обраќање
     - За значењето на финансирањето на МСП – резултати од истражувањето 
    (Проф.д-р Александра Максимовска Стојкова-Раководител на Проектот)
     
    12.30-12.45: Институционална поддршка за МСП во Република Македонија 
    (Проф.д-р Александар Стојков)
    12.45-13.00: Договор за лизинг како алтернативен начин за финансирање на МСП 
    (Проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска)
    13.00-13.15: Финансирање на МСП преку банкарски кредити и договор за факторинг                                 (Проф.д-р Ненад Гавриловиќ)
    13.00 – 13.20: Финансирањето на МСП низ призмата на банкарскиот сектор                                        (Претставник од Комерцијална банка АД Скопје)
    13.20 -13.30: Хетерогено финансирање на МСП – примери од практиката во држави од Европската Унија (Бенита Елмази Адеми)
    13.30 -13.50: Презентација на Policy Brief од проектот (ПОДОБРУВАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РЕПУЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ)
    13.50 -14.00: Заклучоци и препораки за во иднина
  • Kреирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени

      10:00 h June 28 - 11:30 h June 28     Општина Велес

    Организатор: Здружение на бизнис жени на Македонија

    Здружението на бизнис жени на Македонија, со седиште во Скопје, Ве поканува да учествувате на основачки состанок со меѓуресорна работна група, кој ќе се одржи на 28.06.2018 година во канцелариите на Вардарски ...  повеќе

  • Здружението на бизнис жени на Македонија, со седиште во Скопје,  Ве поканува да учествувате на основачки состанок со меѓуресорна работна групакој ќе се одржи на 28.06.2018 година во канцелариите на Вардарски плански регион во Општина Велес со почеток во 10:00 часот.
     Состанокот се спроведува во рамки на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени го спроведува како субгрантист во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (ЈЕСНетворк+)”.
  • Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени

      12:00 h June 27     Кружна сала на поранешна згрaда на Комитет во Општина Куманово

    Организатор: Здружение на бизнис жени на Македонија

    Здружението на бизнис жени на Македонија, со седиште во Скопје, Ве поканува да учествувате на работна средба, која ќе се одржи на 27.06.2018 година во Кружна сала на поранешна згрaда на Комитет во Општина Кума...  повеќе

  • Здружението на бизнис жени на Македонија, со седиште во Скопје,  Ве поканува да учествувате на работна средба, која ќе се одржи на 27.06.2018 година во Кружна сала на поранешна згрaда на Комитет во Општина Куманово со почеток во 12 часот.

     Работната средба се спроведува во рамки на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени го спроведува како субгрантист во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (ЈЕСНетворк+)”.

    На работниот состанок, на кој се поканети локални жени претприемачки, постоечки и потенцијални, од општина Куманово, има за цел  да се дојде до првични информации за состојбата на жените претприемачки во општината, согласно  постоечките политики и мерки, како и да се дискутира за препреките и предизвиците со кои се соочуваат, но и за формирање на ставот во дијалогот со институциите, општината, бизнис заедницата и ГО за понатамошна заедничка соработка при спроведување на Стратегијата за развој на ЖП во РМ. Присуство на мин.15 учесници е пожелно и добредојдено, бидејќи секако ќе придонесе кон поуспешна реализација и интеракција на состанокот. 
     
    Ве молиме потврдете го Вашето присуство на следната е-маил адреса: elenab.abw@gmail.com , најдоцна до 21.06.2018 година. 
  • Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени

      12:00 h June 25 - 13:30 h June 25     Сала на Совет во Општина Кичево

    Организатор: Здружение на бизнис жени на Македонија

    Здружението на бизнис жени на Македонија, со седиште во Скопје, Ве поканува да учествувате на работна средба, која ќе се одржи на 25.06.2018 година во Сала на Совет во Општина Кичево.  повеќе

  • Здружението на бизнис жени на Македонија, со седиште во Скопје,  Ве поканува да учествувате на работна средба, која ќе се одржи на 25.06.2018 година во Сала на Совет  во Општина Кичево.   

    Работната средба се спроведува во рамки на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени го спроведува како субгрантист во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (ЈЕСНетворк+)”. 

    На работниот состанок, на кој се поканети локални жени претприемачки, постоечки и потенцијални, од општина Кичево, има за цел  да се дојде до првични информации за состојбата на жените претприемачки во општината, согласно  постоечките политики и мерки, како и да се дискутира за препреките и предизвиците со кои се соочуваат, но и за формирање на ставот во дијалогот со институциите, општината, бизнис заедницата и ГО за понатамошна заедничка соработка при спроведување на Стратегијата за развој на ЖП во РМ. Присуство на мин.15 учесници е пожелно и добредојдено, бидејќи секако ќе придонесе кон поуспешна реализација и интеракција на состанокот. 
     
    Ве молиме потврдете го Вашето присуство на следната е-маил адреса: elenab.abw@gmail.com , најдоцна до 21.06.2018 година. 
     
  • Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни индустриски политики – студија на случај: машински и металопреработувачки сектор

      13:00 h June 20     К3-9 (III спрат) во Нова Зграда на Машински Факултет – Скопје

    Организатор: NCDIEL

    Развојни можности, перспективи и состојби во машинскиот и металопреработувачкиот сектор Како преку активни индустриски политики да се поттикнат овие сектори  повеќе

  • Развојни можности, перспективи и состојби во машинскиот и металопреработувачкиот сектор Како преку активни индустриски политики да се поттикнат овие сектори

    Целта на расправата е да се презентираат добиените резултати од истражувањето спроведено во рамките на проектот: „Идентификување на развојните можности за структурни промени и извозна диверзификација преку активни индустриски политики – студија на случај: машински и металопреработувачки сектор“ и да се отвори дискусија за идните насоки во развојот на овие индустрии како основа за креаторите на економските политики.

    Проектот беше имплементиран во рамките на проектот: „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“ финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015, имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.

    Ценејќи ја вашата компетентност и инволвираност во областа, Ве покануваме да учествувате на стручната расправа и да дадете свој придонес во креирање на предлог секторски политики во насока на поттикнување на понатамошниот развој на машинскиот и металопреработувачкиот сектор во РМ. Стручната расправа ќе се одржи на 20.06.2018 (среда) во 13:00 часот, во новата зграда на Машински Факултет - Скопје, УКИМ, сала К3-9 на трети кат. Ве молиме, Вашето учество да го потврдите на е-маил адресата: info@ncdiel.mk  
     
  • Вебинар: Индустриска политика базирана на докази

      09:00 h May 23 - 17:00 h May 23     онлајн

    Организатор: Фондација Претприемачки сервис за млади

    Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува сите заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да ја следат обуката на тема „Индустриска политика баз...  повеќе

  • Вебинар: Индустриска политика базирана на докази

    Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува сите заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да ја следат обуката на тема „Индустриска политика базирана на докази“, која ќе се одржи на 23-ти мај 2018 година (среда), од 09.00 – 17.00ч, со пренос во живо на следниот линк.
    Обуката ќе ја водат д-р Јасмина Maјстороска, експерт за развој и имплементација на индустриска политика, вработена како советник во секторот за Индустриска политика во Министерството за Економија и д-р Паскал Желев, експерт за индустриска политика, професор на Универзитетот за национална и светска економија во Софија, Бугарија.

    Агенда за обука.

    Учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања до обучувачот на следниот линк. Прашањата ќе бидат одговорени во последната сесија од денот.
    Ова е последната обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 

    Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

    Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.

    За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk .
  • Обука: Индустриска политика базирана на докази

      09:00 h May 23 - 17:00 h May 23     Стопанска Комора на Македонија

    Организатор: Фондација за Претприемачки сервис за млади

    Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да учествуваат на обука на тема „Индустриска политика базир...  повеќе


  • Обука: Индустриска политика базирана на докази

    Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да учествуваат на обука на тема „Индустриска политика базирана на докази“, која ќе се одржи на 23-ти мај 2018 година (среда), од 09.00 – 17.00ч, во просториите на Стопанска Комора на Македонија (кат 5-ти, сала бр.4) во Скопје.

    Обуката ќе ја водат д-р Јасмина Maјстороска, експерт за развој и имплементација на индустриска политика, вработена како советник во секторот за Индустриска политика во Министерството за Економија и д-р Паскал Желев, експерт за индустриска политика, професор на Универзитетот за национална и светска економија во Софија, Бугарија.
    Дел од обуката ќе се одржува на македонски а дел на англиски јазик, за кој ќе биде овозможен и превод.

    Пријавување на учесници на следниот линк! 

    Рок за пријавување на учесници е 21.05.2018. За потврда на Вашето учество на обуката, ќе добиете потврда на мејл.

    Агенда за обука

    На настанот ќе бидат покриени ручек и кафе паузи. Исто така проектот покрива и патни трошоци за учесници кои не се од Скопје, во висина од повратна автобуска карта по лице.

    Ова е последната обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 

    Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

    Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.

    За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk .
  • Вебинар: Циркуларна економија - политики и практики

      09:00 h May 18 - 17:00 h May 18     онлајн

    Организатор: Фондација за Претприемачки сервис за млади

    Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува сите заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да ја следат обуката на тема „ Циркуларна економија – ...  повеќе

  • Вебинар: Циркуларна економија - политики и практики

    Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува сите заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да ја следат обуката на тема „ Циркуларна економија – политики и практики “, која ќе се одржи на 18-ти мај 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, со пренос во живо на следниот линк.
     
    Што е циркуларна економија?
    Циркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Циркуларната економија е алтернативна на традиционалната линеарна економија (создади, користи, отстрани) во која се користат ресурсите што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и креираат нови производи и материјали.
     
    Обуката ќе ја води д-р Валентина Гечевска, универзитетски професор на Машинскиот Факултет – Скопје, основач и раководител на Центарот за менаџмент на животен циклус на производи и иновациски развој, член на менаџмент борд на интернационалната мрежа за PLM. Таа има искуства во имплементација на концептот за циркуларна економија во повеќе интернационални проекти и индустрии.

    Агенда за обука

    Учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања до обучувачот на следниот линк. Прашањата ќе бидат одговорени во последната сесија од денот.
     
    Ова е петтата обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 
    Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
    Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.
    За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk
     
  • Обука: Циркуларна економија - политики и практики

      09:00 h May 18 - 17:00 h May 18     Стопанска Комора на Македонија

    Организатор: Фондација за Претприемачки сервис за млади

    Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да учествуваат на обука на тема „Циркуларна економија – пол...  повеќе

  • Обука: Циркуларна економија - политики и практики

    Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да учествуваат на обука на тема „Циркуларна економија – политики и практики“, која ќе се одржи на 18-ти мај 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, во просториите на Стопанска Комора на Македонија (кат 5-ти, сала бр.4) во Скопје.
     
    Што е циркуларна економија?
    Циркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Циркуларната економија е алтернативна на традиционалната линеарна економија (создади, користи, отстрани) во која се користат ресурсите што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и креираат нови производи и материјали.
     
    Обуката ќе ја води д-р Валентина Гечевска, универзитетски професор на Машинскиот Факултет – Скопје, основач и раководител на Центарот за менаџмент на животен циклус на производи и иновациски развој, член на менаџмент борд на интернационалната мрежа за PLM. Таа има искуства во имплементација на концептот за циркуларна економија во повеќе интернационални проекти и индустрии.
     
    Пријавување на учесници на следниот линк.

    Рок за пријавување на учесници е 16.05.2018. За потврда на Вашето учество на обуката, ќе добиете потврда на мејл.

    Агенда за обука

    На настанот ќе бидат покриени ручек и кафе паузи. Исто така проектот покрива и патни трошоци за учесници кои не се од Скопје, во висина од повратна автобуска карта по лице.

    Ова е петтата обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 

    Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
    Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.

    За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk 
  • Националната стратегија за рурален туризам 2012-2017-Штип

      16:00 h May 15 - 18:00 h May 15     Хотел Изгрев Штип

    Организатор: Рурална Коалиција

    Покана за присуство на тркалезна маса на тема: “Националната стратегија за рурален туризам 2012-2017 година реалност или фикција?!?!“  повеќе

  • Покана за присуство на тркалезна маса на тема: “Националната стратегија за рурален туризам 2012-2017 година реалност или фикција?!?!“
     
    Источен плански регион 
     
    15.05.2018 (вторник), хотел Изгрев, Штип, 18:00 часот
     
    АГЕНДА
     
     
    18:00 - 18:30 Регистрација на учесниците со кафе за добредојде
    18:30 –19:00 Презентација на заклучоците од анализата на Националната стратегија за рурален туризам како и резултатите од теренското истражување спроведено со туристичките капацитети во руралните средини
    Лилјана Јоноски – координатор на проектот
    19:00 –19:30 - Дискусија 
    - Прашања и коментари
    - Заклучоци
    19:30 - Коктел