Обука: Дизајн на стратегија за паметна специјализација
Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да учествуваат на обука на тема „Дизајн на стратегија за паметна специјализација“, која ќе се одржи на 11-ти мај 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, во просториите на Стопанска Комора на Македонија (кат 5-ти, сала бр.4) во Скопје.
Што е паметна специјализација?
Паметна специјализација е нов концепт за иновациска политика дизајниран да промовира ефикасно и ефективно користење на јавните инвестиции. Неговата цел е да ги зајакне регионалните иновации со цел да се постигне економски раст и просперитет, овозможувајќи им на регионите да се фокусираат на нивните предности. Паметната специјализација подразбира дека распределбата на инвестициите на повеќе технолошки полиња ризикува да го ограничи влијанието во било која од областите. Со цел подобро да се разбере концептот на паметна специјализација погледнете го
следното видео.
Обуката ќе ја води м-р Петра Савич (Романија), експерт за креирање на стратегии за паметна специјализација, директор на Одделот за регионални стратегии и трансфер на технологии, Агенција за развој на северо-западен регион, Романија. Таа има повеќе од 10 години искуство во регионален развој, проектен и програмски менаџмент, со практично искуство со иновациски политики и политики за паметна специјализација.
Обуката ќе се одржува на англиски јазик, со овозможен превод на македонски јазик.
Пријавување на учесници на следниот линк!
Рок за пријавување на учесници е 09.05.2018. За потврда на Вашето учество на обуката, ќе добиете потврда на мејл.
Агенда за обука.
На настанот ќе бидат покриени ручек и кафе паузи. Исто така проектот покрива и патни трошоци за учесници кои не се од Скопје, во висина од повратна автобуска карта по лице.
Ова е четвртата обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20.
Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.
За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или
sofija.cali@yes.org.mk .