Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Членство

Членство во платформата

Како да се стане член

Пополнете ги Меморандумот и Етичкиот кодекс со податоците за Вашата организација и станете дел од првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика “Поглавје 20”!

Меморандум за членство

Пополнетите документи испратете ги скенирани на info@yes.org.mk. По добивање на испратени документи ќе ве контактираат одговорните лица од нашиот тим. За дополнителни информации контактирајте не на 02 3108 891.

Превземи ги документите за членство!  

Членови во платформата

Асоцијација за развојни иницијативи- ЗЕНИТ

Основана во 2011 година, мисијата на асоцијацијата е да ги испита, креира и промовира практиките кои го поттикнуваат развојот и демократското управување.

Асоцијација за развојни иницијативи- ЗЕНИТ

  демократско општество

www.zenith.org.mk   zenith@zenith.org.mk   077 693 -340   Александар Николов

Основана во 2011 година, Мисијата на асоцијацијата е да ги испита, креира и промовира практиките кои го поттикнуваат развојот и демократското управување преку: развивање и промовирање на демократските практики; јакнење на граѓанското општество; развивање на правниот и судскиот систем; намалување на сиромаштијата,  поттикнување на одржлив развој; и промовирање корпоративна социјална одговорност.

Зенит спроведува истражувања; организира едукативни активности и обуки;  семинари, дискусии и дебати; врши активности на застапување. Во нашите активности, ние соработуваме со јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и поединци во согласност со нашата мисија и цели.   

ФЛОРИТ - Фондација за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија

ФЛОРИТ – Гевгелија е формирана како иницијатива на локалната самоуправа, бизнис секторот и невладиниот сектор од општина Гевгелија.

ФЛОРИТ - Фондација за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија

  информатички технологии

www.florit-gevgelija.eu   risto.atanasovski@gmail.com   078327091   Ристо Атанасовски

Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – (ФЛОРИТ) Гевгелија е основана на 25.07.2001 година, под името Фондација „Центар за локален развој – Гевгелија“ а од 21.01.2005 го носи денешното име. ФЛОРИТ – Гевгелија е формирана како иницијатива на локалната самоуправа, бизнис секторот и невладиниот сектор од општина Гевгелија.

Во изминатите 15 години од нејзиното постоење етаблирана е не само на територијата на општината, туку и во Југоисточниот плански регион на Република Македонија, каде што воглавно ги реализира своите активности.

Фондацијата се занимава со промовирање политики за одржлив развој на локално и регионално ниво со посебен осврт на воведување иновации и практики за континуирано учење во областите како претприемништво, енергетика и одржлив туризам.

Младински културен центар - Битола

Младински културен центар - Битола (МКЦ - Битола) е една од водечките младински организации кои активно работи на промоција на волонтерството и активно учество на младите.

Младински културен центар - Битола

  Едукација

www.mkcbt.org.mk   mkcbt@t-home.mk   (0)47 233 020   Мери Нашоку

Младински културен центар - Битола (МКЦ - Битола) е една од водечките младински организации кои активно работи на промоција на волонтерството и активно учество на младите. Тоj е национален пункт за координација на неформалната мрежа на граѓански организации  која развива волонтерски сервис на национално ниво како механизам за ангажирање на граѓаните во нивните заедници и нивно поврзување со политиките на локално ниво. Организацијата постигна значително социјално влијание во областа на волонтерството со ангажирање на повеќе од 450 волонтери во изминатите 7 години. МКЦ - Битола континуирано реализира многу локални, национални и меѓународни обуки за развивање на вештините и капацитетите на младите луѓе.                                                         

Цефе Македонија

ЦЕФЕ Македонија е непрофитна, непартиска организација која цели да придонесе во создавањето на претприемачка култура и зголемена вработеност кај населението.

Цефе Македонија

  претприемништво

www.cefe.mk   info@cefe.mk   078 201 854   Трајче Анастасов

ЦЕФЕ Македонија е  непрофитна, непартиска организација.

Мисијата на ЦЕФЕ Македонија е да ги подобрува претприемaчките перформанси на економските актери преку стимулирање на претприемaчко учење и развој на бизнис капацитети. 

Визијата на ЦЕФЕ е да придонесе во создавањето на претприемачка култура и зголемена вработеност кај населението.

ЦИКП - Центар за истражување и креирање на политики

Центарот за истражување и креирање на политики е организација која има како мисија да го промовира доброто владеење и развојот во Македонија врз основа на релевантни истражувања засновани на докази, градење на ...

ЦИКП - Центар за истражување и креирање на политики

  истражување

www.crpm.org.mk   crpm@crpm.org.mk   02/ 3109 932   Златко Симоновски

Центарот за истражување и креирање на политики е организација која има како мисија да го промовира доброто владеење и развојот во Македонија врз основа на релевантни истражувања засновани на докази, градење на капацитети и обуки, евалуации, анализи и истражувања.  

Бизнис конфедерација на Македонија

Бизнис Конфередацијата на Македонија (БКМ) е формирана во 2001 и својата работа ја започнува како здружение на работодавачи, која ги артикулира, претставува и ги поддржува интересите на нејзините членови и инте...

Бизнис конфедерација на Македонија

  претприемништво

www.bcm.mk   contact@bcm.mk   (02) 3224 762   Елена Новотни

Бизнис Конфередацијата на Македонија (БКМ) е формирана во 2001 и својата работа ја започнува како здружение на работодавачи, која ги артикулира, претставува и ги поддржува интересите на нејзините членови и интересот на бизнисите во земјата.

Денес членството на БКМ брои 8.500 компании здружени во 13 деловни здруженија, со две регионални канцеларии во Прилеп и Тетово и централа во Скопје. Покрај претставувањето и застапувањето на интересите на своите членови, БКМ е катализатор на изразување на деловната заедница и потикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата.

Промовирајќи го концептот на одговорно водење на бизнис поттикнуваме одржливост на економијата и долгорочен развој на компаниите.
Знаењето и ставовите на Бизнис Конфедерација на Македонија се базираат врз постојана комуникација со членството – длабински истражувања, анализи и мерење на состојбите во разни сфери на општественото делување на локално, национално и регионално ниво.

 

ЦЕА - Центарот за Економски Анализи

Центарот за економски анализи (ЦЕА) е истражувачки центар составен од економисти кои делат заедничка визија за Република Македонија како нова европска економија во подем, интегрирана во регионалните и светските...

ЦЕА - Центарот за Економски Анализи

  истражување

www.cea.org.mk   info@cea.org.mk   (0)2 24 44 766   Милан Ристовски

Центарот за економски анализи (ЦЕА) е истражувачки центар составен од економисти кои делат заедничка визија за Република Македонија како нова европска економија во подем, интегрирана во регионалните и светските пазари. ЦЕА е основана во март 2003 година.
Главната мисија на ЦЕА е да ги истражува економските случувања и јавната политика во Република Македонија и да понуди препораки, предлози и мерки на владините и невладините институции.
ЦЕА ќе ја зајакне дебатата за јавни политики и ќе создаде економска средина за раст и развој на македонската економија.

Целите на ЦЕА се следниве:

Обезбедување на квалитетна анализа на политики
Поддржување на изводлива економска политика во Македонија
Помагање во развoјот на средина која донесува повисоко ниво на инвестиции, забрзан развој и раст на македонската економија
Достигнување финансиска одржливост
Поттикнување на регионална соработка на Балканот
Зајакнување на граѓанското општество и на општествениот капитал 

Здружение за рурален развој „ЈАВОР“- Зрновци

Здружението за рурален развој „ЈАВОР“ – Зрновци е невладина, непартиска, непрофитна организација формирана далечната 1997 год како еколошко друштво Јавор.

Здружение за рурален развој „ЈАВОР“- Зрновци

  рурален развој

www.javor.org.mk   javor@t-home.mk   078 38 42 42   Жаклина Голчева


Здружението за рурален развој „ЈАВОР“ – Зрновци е невладина, непартиска, непрофитна организација формирана далечната 1997 год. како еколошко друштво Јавор. ЈАВОР  спроведува проекти кои го опфаќаат руралниот развој на регионот на општина Зрновци, но и пошироко на национално и интернационално ниво.

Коалиција на младински организации СЕГА

​Koалицијата на младински организации “СЕГА” работи на развивање и примена на младинските политики во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел да постигне подобрување на нивната општа состојба.

Коалиција на младински организации СЕГА

  Младински политики

http://www.sega.org.mk/   zorani@sega.org.mk   +389 48 429 390   н/а

Koалицијата на младински организации “СЕГА” работи на развивање и примена на младинските политики во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел да постигне подобрување на нивната општа состојба.
СЕГА е одржлива и развиена младинска организација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот. Коалицијата СЕГА редовно одржува обуки за активно учество на млaдите во политичкиот и социјалниот живот .

Милениум

​Милениум е основана во 2002 година. Досега има реализирано над 50 различни проекти, со главен фокус- едукација и образование, социјални работи и развој на претприематиштва и бизниси во Република Македонија

Милениум

  Едукација

н/а   taxhedin@gmail.com   н/а   н/а

​Милениум  е основана во 2002 година. Досега има реализирано над 50 различни проекти, со главен фокус- едукација и образование, социјални работи и развој на претприематиштва и бизниси во Република Македонија. Главните области на образовни проекти се ИТ, јазици, приватни претприемачи, личен развој, итн особено проекти за намалување на невработеноста меѓу младите луѓе и жените. Меѓу главните партнери во текот на имплементацијата на проекти се различни важни  актери од регионот. Почнувајќи од Универзитетот на Југоисточна Европа, со кој реализиравме неколку проекти и имаме потпишано неколку меморандуми за соработка во различни проекти и донатори, како што се УНДП, УСАИД. Исто така, со ЈИЕ аплициравме заеднички на неколку проекти од ИПА, како и прекуграничната соработка со Албанија, прекуграничната соработка со Косово, националните проекти од ИПА и др. Една од апликациите беше создавањето на социјално претпријатие за да им помогнеме во вработувањето на жените кои работат во различни занаети и ракотворби, како и создавање на онлајн продавница за да имаат можност тие да ги продадат своите производи онлајн. 
Друг важен соработник на Милениум, со кој има меморандум за соработка е центарот за обуки и тренинзи, најголем во Тетово, Neting SCHOOL, кој дава поддршка во сите проекти кои се спроведуваат од страна на Милениум, како и за употреба на објектот, канцелариите и просториите за обука. 
Исто така, имаме потпишано меморандум за соработка со REA, предучилишен образовен центар - првата приватна академија за деца во Тетово. 
Во овој период во разни проекти Милениум соработува со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, општина Тетово, општина Теарце, ГИЗ, Youth for youth, НВО LOJA, Мрежа YES,  ZIP Институтот и др. 
Досега реализираните проекти се финансирани од ИПА, УНДП, УСАИД, ГТЗ, ГИЗ РЕД и други донатори. 
Организацијата досега е финансирана преку учество во разни проекти и донатори со кои соработуваме.