Фондација Евро Центар
демократско општество
www.evrocentar.mk
deas@evrocentar.mk
078 229 909
Даниела Петрушева Андонова
Фондација Евро Центар е непрофитна и граѓанска организација, основана со цел да придонесе кон локалниот и регионалниот развоj на заедниците, во сите области од човековото живеење.
Фондацијата е основана на 14.09.2001 година во Свети Николе и денес делува во пет плански региони во Република Македонија - Вардарски, Скопски, Источен, Југоисточен, Северо-источниот и Полошкиот плански регион во соработка со над 50 општини. Активно соработува со приватниот сектор, владини институции и невладини организации, донатори, амбасади, ЕУ институции и партнери во и надвор од земјата.
Главно седиште на Фондацијата се наоѓа во општина Старо Нагоричане, Североисточен Плански регион.
Визија
Креирање на услови за оддржлив и долгорочен развој на економско, социјално и демократско стабилно општество во кое заедниците функционираат на основа на взаемна почит, соработка и разбирање на сите чинители – општините, приватниот и граѓанскиот сектор.
Мисија
Со екстензивен акционен план и јасно дефинирани програми и проекти во согласност со заклучоците од спроведени истражувања и анализи на актуелните субјективни и објективни текови за примарните потреби на заедниците, Фондација Евро Центар ја реализира својата визија и придонесува кон стабилно и во сите свери функционално општество.