Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

На Македонија и недостига државна стратегија за руралниот туризам ​


Согласно последните анализи на европско ниво, руралниот туризам директно или индиректно креира над 900.000 работни места, во Македонија евидентиран е само еден вработен во еден сместувачки капацитет. Македонија во моментот нема стратегија за развој на рурален односно селски туризам.

Претходната е со поминат рок и важење од 2012 до 2017 година. Овие недостатоци ги покажа  истражувањето кое го спроведе невладината организација “Рурална коалиција” во рамките на проектот “Стратешки развој на руралниот туризам – основа за комплементарно поврзување и надополнување на индустриската политика и одржливиот развој на Р. Македонија" спроведен од февруари до јули 2018.

Македонија како рурална држава има потенцијал за развој на ваквиот вид туризам. Ова го препозна и Катарина Георгиевска која веќе 10 години угостува туристи во куќата во селото Оморани, велешко. Иако не потекнува од село, љубовта кон природата ја натера во селото да гледа бизнис иднина.

Државата нема единствена дефиниција согласно стандардите на Светската туристичка организација и критериуми за тоа што е рурален туризам, нема ниту официјални бројки колку капацитети има во државата, ниту за тоа колку туристи ги посетуваат овие капацитети. Сопствениците на сместувачки капаците во руралните средини ја истакнаа и потребата за посебен закон со кој ќе се регулира дејноста “рурален туризам”.

Истражувањето покажа дека 96 проценти од сопствениците на капацитети во рурални средини не знаат за државна стратегија и помош во развивање на руралниот туризам.

Последните три години пропаднаа пет милиони денари за поддршка на руралниот туризам што можеа да се искористат преку Министерството за економија. Годинава на располагање се 1,5 милиони, а рокот за аплицирање трае до 30 септември 2018.

Aктивностите се спроведуваат во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.