Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Брошура „Улогата на граѓанскиот сектор како важен чинител во реформскиот процес на преговарачкото Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“

Како дел од активностите на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската унија, беше креирана и завршна публикација за истоимениот проект.

Брошурата која  ја потенцира важноста на граѓанскиот сектор како клучен чинител во комуникацијата и реформскиот процес на преговарачкото Поглавје 20, исто така ги сумира и клучните реализирани активности и постигнатите резултати од имплементацијата на двегодишниот проект.

Врската помеѓу владиниот и граѓанскиот сектор е значаен предуслов за воспоставување на одржлива економија во земјата. Граѓанскиот сектор потребно е да биде присутен во различните форми и процеси на националните политики: спроведување, следење и евалуација на политиките. Позитивните примери дадени во оваа публикација, платформата и другите активности треба да понудат можни решенија за поставување на долготрајни механизми за реализација на остварената соработка помеѓу граѓанскиот и владиниот сектор.

Преку активностите на проектот успешно беше креирана првата Платформа за поддршка на претпријатијата и индустриската политика – Платформа Поглавје 20, а се креираше и ресурсен центар за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и трансфер на знаење помеѓу чинителите вклучени во реформскиот процес. Во проектните активности беа вклучени 270 учесници, односно 170 организации, институции и останати чинители. Платформата организираше вкупно 13 настани6 обуки и вебинари, се креираа 6 едукативни видеа3 прирачници и 13 документи за политики и публикации. Дополнително, се имплементираа 8 регрантирани проекти, а се публикуваа повеќе од 400 објави на веб страните и социјалните медиуми.

Преку имплементација на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“ се зајакна соработка помеѓу клучните чинители во областа, граѓанските организации, креаторите на политики и компаниите, со цел поддршка на реализацијата  на реформските процеси, економските приоритети на земјата, меѓу кои и јакнење на граѓанскиот сектор, реализација на нивниот потенцијал и унапредување на економскиот развој во земјата.

Брошурата може да се превземе на следниот линк.