Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

КОНФЕРЕНЦИЈА: “Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш!”

На 9-ти јануари 2020 година, проектниот конзорциум предводен од Европскиот Универзитет - Скопје, организира Финална конференција „Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш“, која ќе започне од 10.00ч на Европскиот Универзитет.

Целта на конференцијата е зголемување на свеста за значењето на циркуларната економија, која повеќе години е дел од приоритетите и стратешките документи на Европската Унија, а е приоритет и за македонските компании и институции со цел да се зајакне свеста и целокупната економија да се ориентира кон циркуларна економија.

Конференцијата е дел од проектот „Онлајн магистерски студии за циркуларна економија“, финансиран од програмата Erasmus+ на Европската Унија, а спроведуван од Европски Универзитет и ПСМ Фондација од Македонија, Универзитетот за применети науки од Латвија, Зелена Инфраструктура од Хрватска и Факултетот за комерцијални и деловни науки од Словенија.

Циркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Циркуларната е алтернативна на традиционалната линеарна економија, и во неа ресурсите се користат што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и создаваат нови производи и материјали.

Во состав на проектот беше спроведено истражување за состојбата и перцепциите на компаниите за циркуларната економија, се креираа Водич со добри практики, наставна програма за Магистерски студии за циркуларна економија, а се подготвија и наставни материјали - книги и соодветни онлајн материјали за учење.

Регистрирај се за конференцијата!