ПСМ Фондација креираше брошура за значењето и придобивките од интеграцијата на единствениот пазар, како дел од проектот „Промовирање на мултилатерален дијалог и соработка со граѓанскиот сектор, јавните власти, бизнис секторот и медиумите за побрзо прилагодување кон единствениот пазар“, финансиран од проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“.
Брошурата може да се преземе тука.
Главна цел на проектот е промоција на придонесот на граѓанскиот сектор кон долгорочен одржлив раст преку забрзување на патот на земјата кон единствениот пазар.
Спроведените активности се очекува да резултираат со организирани тематски работилници и регионална конференција, креирани видеа, инфографици и брошура за единствениот пазар, публикувани написи и документи за јавни политики. Овие резултати ќе придонесат кон активно вклучување на граѓанскиот сектор за забрзување на патот на земјата кон единствениот пазар, информирање на јавноста и зголемување на јавната свест за значењето на единствениот пазар, и подобро разбирање на клучните процеси за интегрирање на земјата кон ЕУ и усогласување со единствениот пазар.