Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Едукативно видео „Дигитален единствен пазар“

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади изработи едукативно видео за информирање на граѓаните за придобивките од дигиталниот единствен пазар на Европската Унија. Дигиталниот единствен пазар е непречена област која ги опфаќа дигиталниот маркетинг, електронската трговија и телекомуникациите каде што луѓето и деловните субјекти можат да тргуваат, иновираат и да комуницираат легално, безбедно и по пристапна цена, правејќи го нивниот живот полесен.  Тоа значи дека бизнисите се во можност целосно да ги користат новите технологии, а малите компании особено имаат можност да се движат низ ЕУ со „само еден клик“. Економските анализи покажуваат дека оваа слобода може да генерира дополнителни 415 милијарди евра годишно во европската економија и да создаде стотици илјади нови работни места. Инклузивниот дигитален единствен пазар нуди можности и за граѓаните како подобрување на пристапот до информации, повеќе можности за вработување и промовирање на отворени и транспарентни владини институции.

Видеото е изработено во рамки на проектот „Промовирање на мултилатерален дијалог и соработка со граѓанскиот сектор, јавните власти, бизнис секторот и медиумите за побрзо прилагодување кон единствениот пазар“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS).