Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Едукативно видео „Единствен пазар на Европската Унија“

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади изработи едукативно видео за информирање на граѓаните за придобивките од учество на единствениот пазар на Европската Унија. Европскиот единствен пазар, кој уште се нарекува и заеднички пазар или внатрешен пазар, е една од најзначајните придобивки и достигнувања на Европската унија. Тој ја претставува срцевината на европската економија и во него учествуваат сите земји-членки на Европската унија, а со посебни договори е регулирано учеството на Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Во монетарна смисла единствениот пазар е најголемиот пазар на светот кој е дом на повеќе од 500 милиони граѓани кои живеат, работат, патуваат, студираат и  стопанисуваат слободно без граници.

Видеото е изработено во рамки на проектот „Промовирање на мултилатерален дијалог и соработка со граѓанскиот сектор, јавните власти, бизнис секторот и медиумите за побрзо прилагодување кон единствениот пазар“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS).