Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Панел дискусија „Зајакнување на спроведување на правата на интелектуална сопственост“

ПСМ Фондација во состав на проектот „Промовирање на мултилатерален дијалог и соработка со граѓанскиот сектор, јавните власти, бизнис секторот и медиумите за побрзо прилагодување кон единствениот пазар”, финансиран од проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ организира онлајн панел дискусија на тема „Зајакнување на спроведување на правата на интелектуална сопственост“, на 03.11.2020 година, од 10.00ч.

Целта на проектот е промоција на придонесот на граѓанскиот сектор кон долгорочен одржлив раст преку заврзување на патот на земјата кон единствениот пазар. Преку имплементација на активностите, проектот цели да ја подигне свеста за придобивките и важноста на единствениот пазар, јакнење на соработката со чинителите за промоција на можностите кои единствениот пазар ги нуди за бизнисите, следење и придонесување кон политиките за подобри можности за потрошувачите и бизнисите.

Проектот ќе се фокусира на три области: пристап до финансии, правата на интелектуална сопственост и дигиталниот единствен пазар. Во состав на активностите се планираат 3 панел дискусии, а нивна цел е активно вклучување на сите релевантни чинители за забрзување на патот на земјата кон единствениот пазар, подготовка на релевантни документи за јавни политики (policy briefs). Панел дискусиите е предвидено да вклучат по 25 експерти од релевантни институции, граѓански сектор, медиуми и мали и средни претпријатија, а истите да овозможат отворена дискусија со учесниците, преглед на моменталните состојби, предизвици и препораки.

Агенда за настан.
Модератор на настанот ќе биде м-р Марин Гавриловски, адвокат и застапник за индустриска сопственост.

За учество на настанот потребно е да се регистрирате на следниот линк - https://pheedloop.com/ipr/site/register