Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Виртуелна конференција „Патот кон единствениот европски пазар“

Фондација Претприемачки сервис за млади има чест да Ве покани да учествувате на виртуелна конференција „Патот кон единствениот европски пазар“ која ќе се одржи на 3ти декември со почеток во 10 часот.

 

Конференцијата ќе се фокусира на теми поврзани со единствениот европски пазар како  хармонизација на правната рамка, претставување добри практики од земјите-членки на Европската унија како и презентирање на ефектите кои пристапувањето на единствениот пазар го имаат врз економија, растот на бруто-домашниот производ, конкурентноста на претпријатија, инвестициите и др.

 

Учество на конференцијата ќе земат врвни европски експерти, истражувачи и креатори на политики за унапредување на ефикасноста на единствениот европски пазар.

 

Целната публика на конференцијата се владини институции, граѓански организации, компании и медиуми.

 

За да учествувате на конференцијата потребно е да се регистрирате на веб страната на конференцијата https://pheedloop.com/singlemarket/site/home/.

 

Официјален јазик на конференцијата е англиски.


Контакт лице:
Александар Филипоски
aleksandar.filiposki@yes.org.mk
02/3108-891