ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
од областа на преговарачкото поглавје 20 за членство
во ЕУ – Претпријатија и индустриска политика
Грантовата шема има за цел да обезбеди поддршка на активностите на граѓанските организации вклучени во различни аспекти од Поглавје 20 (унапредување на деловен амбиент, поддршка на МСП и иновации, пристап до финансии, секторски политики, странски инвестиции, кластеринг, и слично). Преку имплементација на грантовата шема, целта е да се придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики и за поддршка на реформите во Поглавје 20, како и да се промовираат нови пристапи, механизми и инструменти од областа на претприемништвото и индустријата на локално и национално ниво. Воедно, ќе се придонесе кон зголемувањето на свеста за важноста на Поглавје 20 во процесот на пристапување кон ЕУ.
Грантовата шема се реализира во рамки на проектот:„Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
Приоритетни области:
а) Принципи на Претпријатија и индустриска политика
Приоритет 1: Подобрување на деловната клима за креирање на нови бизниси
Приоритет 2: Подобрување на дијалогот со бизнис заедницата
б) Инструменти на Претпријатија и индустриска политика
Приоритет 3: Подобрување на конкурентноста и иновативноста на МСП
Приоритет 4: Обезбедување подобар пристап на МСП до финансиски услуги
в) Секторски политики
Приоритет 5: Анализа на специфични сектори
Приоритет 6: Унапредување на капацитетите за креирање, имплементација и следење на програмите за туризам
Финансиска рамка на повикот
Грантовата шема има вкупен фонд од
3.688.866 денари (60.000 евра). Максималниот износ за грант спроведуван на локално ниво изнесува
307.405 денари, а за грант спроведуван на национално ниво изнесува
614.811 денари. Најмалку 8 проекти ќе бидат поддржани преку грантовата шема (4 на локално ниво и 4 на национално ниво).
Поднесување на апликации
Апликациониот пакет се доставува само по електронски пат на адресата:
info@yes.org.mk
Рокот за доставување е
04.12.2017 година. Апликациите испратени после предвидениот рок нема да бидат прифатени.
Информативна сесија
За заинтересираните кандидати, ќе биде организирана информативна сесија „Инфо ден“ за овој повик, на
15-ти ноември, во
хотел Бест Вестерн во Скопје, со почеток од 12.00 часот.
Пријавување за „Инфо ден“ на следниот линк
https://goo.gl/31rbc1.
Документи за преземање
Повик за грантови (целосен текст)
Прилог 1 – Образец за пријавување
Прилог 2 – Предлог буџет
Често поставувани прашања
За дополнителни информации може да се обратите на
info@yes.org.mk или 02 3108 891