Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Настани

  • ВЕБИНАР „Социјално претприемништво“

      12:00 h Mar 20 - 13:00 h Mar 20     http://www.balkanmed-innova.eu/moodle/

    Организатор: ПСМ Фондација

    ПСМ Фондација ги поканува сите мали и средни компании да учествуваат на бесплатниот вебинар „Социјално претприемништво“. Вебинарот ќе се одвива на база на студија на случај каде учесниците ќе имаат можност да д...  повеќе

  • Датум: 20.03.2020 (петок)
    Час: 12.00ч
    Целна група: Мали и средни претпријатија
    Јазик: Англиски
    Котизација: Бесплатно
     
    ЗА ВЕБИНАРОТ
    ПСМ Фондација ги поканува сите мали и средни компании да учествуваат на бесплатниот вебинар „Социјално претприемништво“. Вебинарот ќе се одвива на база на студија на случај каде учесниците ќе имаат можност да дискутираат и разменуваат мислења со останатите учесници на прашања поврзани со примерот кој ќе се обработува.
     
    ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ
    Учесниците на вебинарот ќе имаат можност да се запознаат со следните аспекти:
    • Што е социјално претприемништво
    • Основни принципи
    • Потреби и социјални проблеми
    • Видови на социјални бизниси во ЕУ
    • Важноста на социјалното претприемништво
    • Предизвици и приоритети
    • Социјални бизниси во Македонија
     
    ПРИЈАВУВАЊЕ
    За учество на вебинарот потребно е да се регистрирате на следниот линк, а набрзо потоа ќе добиете потврда на е-мејл со линк за регистрација на платформата каде ќе се одржи вебинарот.
     
    МОДЕРАТОР
    Проф. д-р Радмил Поленаковиќ – редовен професор на Машинскиот Факултет Скопје, на предметите: Претприемништво и мал бизнис, иновациски менаџмент, менаџмент на човечки ресурси, логистика итн. Автор и коавтор е на повеќе од 300 трудови, а учествувал во реализација на повеќе од 100 меѓународни и домашни проекти од разни програми. Професор Поленаковиќ учествувал во развојот на повеќе стратешки документи во областа на претприемачкото учење, кластерско работење, иновациите итн. Основач е и раководител на првиот универзитетски Бизнис старт-ап центар во земјата во 2006 година. Ги воспоставува Националниот натпревар за бизнис план за средни учичишта и за студенти, при што до денес биле основани 60 старт-ап компании. Во 2009 година професор Поленаковиќ го основа Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Гостувачки професор е на УНЕСКО Катедрата за претприемништво на Универзитетот во Нови Сад, Србија. Член е на Европската академија на науките и уметностите.
     
    ДОКУМЕНТИ ЗА ВЕБИНАРОТ
    Презентација
    Студија на случај
     
    За повеќе информации контактирајте не на contact@yes.org.mk или 02 3108 891.
    Вебинарот се организира во рамки на проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.
  • КОНФЕРЕНЦИЈА: “Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш!”

      10:00 h Jan 9 - 14:30 h Jan 9     Европски Универзитет - Скопје

    Организатор: Европски Универзитет и ПСМ Фондација

    На 9-ти јануари 2020 година, проектниот конзорциум предводен од Европскиот Универзитет - Скопје, организира Финална конференција „Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш“, која ќе започне од 10.00ч...  повеќе

  • На 9-ти јануари 2020 година, проектниот конзорциум предводен од Европскиот Универзитет - Скопје, организира Финална конференција „Како да размислиш, намалиш, реупотребиш и рециклираш“, која ќе започне од 10.00ч на Европскиот Универзитет.

    Целта на конференцијата е зголемување на свеста за значењето на циркуларната економија, која повеќе години е дел од приоритетите и стратешките документи на Европската Унија, а е приоритет и за македонските компании и институции со цел да се зајакне свеста и целокупната економија да се ориентира кон циркуларна економија.

    Конференцијата е дел од проектот „Онлајн магистерски студии за циркуларна економија“, финансиран од програмата Erasmus+ на Европската Унија, а спроведуван од Европски Универзитет и ПСМ Фондација од Македонија, Универзитетот за применети науки од Латвија, Зелена Инфраструктура од Хрватска и Факултетот за комерцијални и деловни науки од Словенија.

    Циркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Циркуларната е алтернативна на традиционалната линеарна економија, и во неа ресурсите се користат што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и создаваат нови производи и материјали.

    Во состав на проектот беше спроведено истражување за состојбата и перцепциите на компаниите за циркуларната економија, се креираа Водич со добри практики, наставна програма за Магистерски студии за циркуларна економија, а се подготвија и наставни материјали - книги и соодветни онлајн материјали за учење.

    Регистрирај се за конференцијата!
  • Конференција „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“

      11:00 h Dec 4 - 16:00 h Dec 4     Хотел Мериот, Скопје

    Организатор: Стопанската комора на Македонија

    Конференцијата „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“, организирана од страна на Стопанската комора на Македон...  повеќе

  • Конференцијата „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“, организирана од страна на Стопанската комора на Македонија, Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како координаторот на проектот и Техничкиот универзитет во Виена.

    Спроведените активности во рамки на проектот доведоа до зголемување на конкурентноста на селектираните домашни компании и нивно проактивно вклучување во синџирот на добавувачи на странските инвеститори.

    Во таа насока ќе бидат презентирани анализите, препораките и резултатите од реализираните индустриски проекти во домашните претпријатија, како и моделите за успешна  соработка на домашните компании со странските инвеститори во државава. Искуствата и резултатите ќе претставуваат насоки за понатамошно унапредување на соработката на домашните и странски компании со имплементирање на успешни индустриски проекти во рамки на домашните компании во насока на зголемување на конкурентноста на домашната економија. 

    Конференцијата ќе се одржи на 4 декември 2019 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Мериот“ во Скопје.

    Ве молиме, потврдете го Вашето учество, најдоцна до 29-ти ноември 2019 (петок) година кај контакт лицето: м-р Ивана Крстевска на е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: (+389) 3244 051.

8

Финансирани проекти

50

Членки

12

Обуки

11

Документи за политики

Кликни да се вклучиш

Стани член и биди дел од нашата мрежа

Стани член и биди дел од нашата мрежа

За проектот

Проект поддржан од Европската унија

Во мај 2017 година започна имплементацијата на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската унија, а во реализација на проектните партнери Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“-Зрновци.

Прочитајте повеќе за проектот

За платформата

Национална платформа за претпријатија и индустриска политика
Платформата „Поглавје 20“ е првата и единствена национална платформа за претпријатија и индустриска политика, формирана преку проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“. Платформата, составена од граѓански организации што дејствуваат во областите од поглавје 20, има цел активно да се вклучи во реформскиот процес како важен чинител во јавно-приватниот дијалог.

 
Прочитајте повеќе

Изрази го твоето мислење

Кликни на копчето подолу и кажи ни што мислиш за итните реформски подрачја и Поглавје 20