ВОДИЧ ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА - поддршка на транзицијата од линеарна во циркуларна економија
30.12.2020
Циркуларна економија е економски систем заснован на принципите на елиминирање на отпадот и загадувањето, континуираната употреба на ресурси и обновување на природните системи. Циркуларната економија се појави како одговор на неодржливиот линеарен модел (земи-направи-фрли) и вклучува повторна употреба, поправка, повторно производство и рециклирање со цел да се создаде нов систем и долготрајни производи. Таа ја минимизира употребата на влезни ресурси и создавање отпад и загадување. Во циркуларната економија производите се употребуваат повторно, а не се фрлаат како отпад, а производите кои не може повторно да се употребат се рециклираат. Поради тоа, има потреба за нови бизнис модели и иновативен дизајн на производите, употреба на материјали кои можат бесконечно да се рециклираат.
Circular-Economy-Guide.pdf