Датум: 12-ти мај 2021
Веб платформа: Zoom
Регистрација:
https://zoom.us/webinar/register/WN_nQz3_A3rQx6IiPefyhAuPw
ПСМ Фондација ја најавува првата Регионална конференција на тема циркуларна економија што ќе се одржи како еднодневна онлајн конференција, насочена кон трансфер на знаење и размена на добри практики, со цел унапредување на регионалната соработка и вмрежување.
Конференцијата се организира во состав на проектот „Партнерство за циркуларна економија – одржлив развој на МСП и регионален развој“, ко-финансиран од Western Balkans Fund, а имплементиран од Фондација Претприемачки сервис за млади, Albanian Socio Economic Think Tank и Foundation for Innovation and technology development.
Проектот има за цел да ја зајакне регионалната соработка преку вмрежување и градење на капацитети на МСП и граѓанските организации, со цел поддршка на транзицијата на компаниите кон циркуларна економија.
Целни групи на конференцијата: Учесници од регионот на Западен Балкан (со фокус на Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија), односно претставници на бизнис, јавниот и граѓанскиот сектор.
Програмата на конференцијата ќе покрие важни теми во областите на циркуларна економија и ќе ги вклучи следните интернационални експерти кои ќе дадат увид на различни аспекти:
Анџелка Михајлов – Амбасадор за животна средина и одржлив развој
Војтех Возецки – претседател на управниот одбор за циркуларна економија во Прага
Кристина Мартин – експерт за циркуларна економија, Институт за животна средина Стокхолм, Талин центар
Шарлот Петит – раководител на европски релации, Цитео, Франција
Габриела Крешини - Член на бордот на Оксара, Швајцарија, експерт за туризам и заштита на шумите
За да се вклучите на конференцијата, регистрирајте се на следниот линк -
https://zoom.us/webinar/register/WN_nQz3_A3rQx6IiPefyhAuPw
Официјален јазик на конференцијата е англиски.
Контакт:
Софија Цали – Проектен менаџер, ПСМ Фондација
sofija.cali@yes.org.mk, +389 2 3103 660