Единствен пазар на Европската унија
17.9.2020
Европскиот единствен пазар, кој уште се нарекува и заеднички пазар или внатрешен пазар, е една од најзначајните придобивки и достигнувања на Европската унија. Тој ја претставува срцевината на европската економија и во него учествуваат сите земји-членки на Европската унија, а со посебни договори е регулирано учеството на Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Во монетарна смисла единствениот пазар е најголемиот пазар на светот кој е дом на повеќе од 500 милиони граѓани кои живеат, работат, патуваат, студираат и стопанисуваат слободно без граници.