Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Креирани едукативни видеа за претпријатија и индустриска политика

Како дел од активностите на првата национална платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“ креирани се 6 едукативни видео записи, кои обработуваат клучни теми поврзани со преговарачкото Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика. 
 
Видеата тематски ги отсликуваат потребите на граѓанските организации и имаат за цел да ги изградат капацитетите на организациите за креирање на политики, а обработени се и нови тематики кои се важни за процесот на пристапување кон ЕУ:
 
Мониторинг и евалуација на политики
Иновациска политика и евалуација
Методологија за истражување на политики и креирање на документи за јавни политики
Дизајн на стратегија за паметна специјализација
Циркуларна економија: политики и практики
Индустриска политика базирана на докази
 
Едукативните видеа се креирани согласно потребите на граѓанските организации за поддршка и активно вклучување во реформскиот процес на преговарачкото Поглавје 20  и истите се достапни на националниот ресурсен центар за Поглавје 20 преку кој се поддржува трансферот на знаење и координација помеѓу граѓанските организации и другите релевантни чинители на национално ниво. 
 
Видеата се достапни на следниот линк: https://www.poglavje20eu.org/resursi/kategorija/98747/videa 
 
Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.