Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Доделени сертификатите „Фер за потрошувачот“ на 45 компании

На 30-ти јули 2019, во хотел Александар Палас, се одржа настан за доделување на сертификати на компании „Фер за потрошувачот“. Настанот беше одржан во рамки на проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, што го спроведуваат Организацијата на потрошувачите, ЗБК Креација и Асоцијацијата Зенит.

Како дел од настанот се одржаа и панел дискусии каде беа вклучени граѓанските организации, претставници од компаниите и институциите. Софија Цали Кузманова, проектен менаџер од ПСМ Фондација ги презентираше активностите на платформата Поглавје 20. Таа зборуваше за целите и придонесот на платформата како механизам за соработка помеѓу граѓанскиот, бизнис и владиниот сектор, за меѓусебен дијалог, заедничко следење на јавните политики, нивно спроведување и подобрување, како и трансфер на знаење.



Во рамки на настанот вкупно 45 компании добија сертификат „Фер за потрошувачот“ за компании со јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите. Сертификацијата означува дека компаниите се грижат за производите, за услугите, дека имаат фер практики кон потрошувачите, односно дека се грижат потрошувачите да бидат задоволни, а исто така дека обрнуваат внимание на производите да не бидат штетни за животната средина.

Сертификатот се издава од сертификациско тело кое е креирано од трите организации (Организацијата на потрошувачите, ЗБК Креација и Асоцијацијата Зенит) со повеќегодишно искуство при заштита на потрошувачите и унапредување на конкурентноста на македонската економија.