Зошто парите за развој на рурален туризам остануваат неискористени?Само три до четири проценти од Европските фондови и владините програми се користат за развој на руралниот туризам. Истражувањето на невладината организација „Рурална коалиција“ покажа дека парите тешко стигнуваат до оние што решиле да се занимаваат со овој бизнис.