Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Стратешки документи

Национална стратегија за мали и средни претпријатија 2018 – 2023

10.7.2018

Стратегијата ги дефинира основните стратешки цели и приоритети за понатамошно унапредување на претприемништвото и секторот на МСП во Република Македонија.

Strategija-za-MSP-finalna-verzija-03.04.2018-.pdf
Стратегија за претприемачко учење 2014 – 2020

10.7.2018

Претприемаштвото се препознава како една од најважните проблематики на модерната економија; меѓутоа, истовремено тоа е познато и како една од најсложените области. Стратегијата за претприемачко учење1 (ПУ) има за цел да ja зголеми самодовербата за претприемачките потфати на сите граѓани при што ќе ги оспособи да имаат целосна и ефективна улога во идниот развој на економијата и заедницата. Претприемаштвото претставува начин на размислување и однесување; се работи за идентификување на можностите, составување тим, обезбедување ресурси, како да се биде позитивен, како да се преземаат ризици и како да се создава подобра иднина.

STRATEGIJA-ZA-PRETPRIEMACKO-UCENJE-2014-2020.pdf
Стратегија за иновации на Република Македонија 2012 – 2020

10.7.2018

Стратегијата ги идентификува политиките и активностите кои ќе се имплементираат на поле на зајакнувањето на иновативноста и технолошката подготвеност на компаниите и развојот на капацитетите на човечкиот фактор соодветни за градење на економија базирана на знаење.

Strategija-za-inovacii_final_oktomvri2012.pdf
Индустриска политика на Република Македонија 2009 – 2020

10.7.2018

Индустриската политика е стратешки документ чија основна цел е поттикнување на економскиот раст и развој на Република Македонија преку интегрирање и координација на досегашните и идните политики и мерки во областите клучни за зајакнување на конкурентноста на македонската индустрија.

IndustriskaPolitikaNaRepublikaMakedonija2009-2020.pdf