Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Публикации

Значење и придобивки од интеграцијата на единствениот европски пазар

12.8.2020

Речиси три децении по формирањето на единствениот пазар, важно е да се погледне и да се направи анализа на придобивките со кои се стекнале земјите-членки на Европската унија. Единствениот пазар, иако целосно некомплетиран, успеа да ги зголеми трговските текови во Унијата преку елиминирање на трговските тарифи и да ги зголеми производството и домашната побарувачка. Отворањето на домашните економии исто така ја зголеми конкуренцијата, го подобри квалитетот на производите и услугите и ги намали цените за потрошувачите.

Single-market-brosura-web.pdf
Студија за состојбата со бизнис ангелите во Македонија

28.2.2020

Бизнис ангели (ангели или неформални инвеститори) се богати поединци кои инвестираат сопствени пари, заедно со време и експертиза, во компании кои не котираат на берза и со кои не се во семејни односи, а со надеж дека ќе остварат финансиска добивка.

Studija-za-sostojbata-so-biznis-angelite-vo-Makedonija.pdf
Извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија за 2019

01.7.2019

Европската комисија го објави Извештајот за шест земји од Западен Балкан и Турција, вклучувајќи ја и Македонија. Извештајот нуди преглед на напредокот на Македонија во исполнување на препораките на Комисијата од април 2018 година.

north-macedonia-report.pdf
Улогата на граѓанскиот сектор како важен чинител во реформскиот процес на преговарачкото Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика

02.5.2019

Брошурата претставува завршна публикација на проектот: „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“ , финансиран од Европската унија, а имплементиран од страна на проектните партнери: Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и ЗРР „Јавор“.

Platforma20-brosura-web-preview.pdf
Подобар пристап до извори за финансирање

11.3.2019

Со оглед на фактот дека финансиските пазари не успеваат да ја обезбедат потребната финансиска поддршка за МСП, Европската Комисија активно го помага инвестирањето во почетни бизниси, а средствата се дистрибуираат преку финансиските институции, најчесто банките.

Подобар-пристап-до-извори-за-финансирање.pdf
Поддршки за МСП на регионално ниво

11.3.2019

Деловното опкружување на локално ниво има пресудно влијание врз малите претпријатија, без оглед каде се лоцирани и дали за политиките за поддршка и јакнење на економската конкурентност се одлучува и се спроведуваат на локално или регионално ниво. Европејците развиле инструменти за поттикнување на регионалниот развој, со цел да ги поддржат иницијативите на регионалните актери како и да го промовираат вмрежувањето помеѓу различните региони во Европа. Овие инструменти го поттикнуваат претприемништвото, го поддржуваат основањето на новите претпријатија и ги прават регионалните мали и средни претпријатија поконкурентни.

Поддршки-за-МСП-на-регионално-ниво.pdf
Поддршка на МСП за иновации и истражување

11.3.2019

Главната финансиска алатка за развој на иновативни стратегии на Европската Комисија е програмата на Иновативност и Конкурентност (CIP). Програмата дава можност за вложување во иновативни активности, првенствено за мали и средни претпријатија.

Поддршка-на-МСП-за-иновации-и-истражување.pdf
Образование и вештини за претприемништво

11.3.2019

Европската Комисија заедно со националните влади на земјите членки работи претприемачкото образование да стане интегрален дел на курикулумите на сите степени на образование. Претприемачкото образование не само што ги образува младите за тоа што всушност претставува претприемништвото, туку и придонесува за поттикнување на нивната креативност и спремноста да превземат иницијатива.

Образование-и-вештини-за-претприемништво.pdf
STUDY OF THE CHALLENGES THAT HINDER MSME DEVELOPMENT IN FYR MACEDONIA

19.9.2018

Извештај за состојбата и бариерите за развој на мали и средни претпријатија во Р.Македонија. Утврдување и анализа на клучните предизвици со кои се соочуваат потенцијалните претприемачи во државата со цел за развој на претприемништвото и остварување поголем економски раст во државата. Извештајот е изготвен за Британскиот совет и Шведскиот институт.

country_report_republic_of_macedonia.pdf
Преку проценка на влијанието на регулативата на занаетчиската дејност до подобрување на деловната клима во Македонија

20.7.2018

Целта на истражувањето е да се подобри деловната клима за креирање на нови бизниси во областа на занаетчиството преку анализа на влијанието на регулативата во оваа сфера. Односно поконкретно: 1) да се идентификуваат и измерат ефектите од имплементацијата на Законот за занаетчиство; 2) да се зајакнат капацитетите на вршителите на занаетчиска дејност да продуцираат конкретни препораки врз основа на докази за унапредување на законската рамка која го уредува занаетчиството; 3) да се поттикне јавната дебата за потребата од вклученоста на сите засегнати страни при носењето на јавните политики, како и нивна континуирана евалуација; како и 4) да се подобри информираноста на јавноста.

ISIE-studija-zanaetcistvo.pdf