Телефон: +389 2 3108 891

Пребарување

Барај во:
Клучен збор за пребарување
 

Документи за јавни политики

НА ЧЕКОР ОД ДИГИТАЛНИОТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР: НЕОПХОДНОСТА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА ММСП ВО ДИГИТАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

11.12.2020

Кога станува збор за процесот на дигитализација, Северна Македонија најчесто се рангира во втората половина земји во светот според оценките од релевантни меѓународни организација и покажува особено слаби резултати во однос на аспектите поврзани со дигитализација на економијата

Policy-brief-Digitalna-ekonomija.pdf
ЗАШТИТА НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ – ПРЕДУСЛОВ ЗА КРЕАТИВНА, ИНОВАТИВНА И КОНКУРЕНТНА ЕКОНОМИЈА

11.12.2020

Политиките за поттикнување на иновативноста и технолошкиот развој кај компаниите како предуслов за поголема конкурентност и раст се неразделни од политиките за заштита на правата од интелектуална сопственост.

Policy-brief-Prava-od-intelektualna-sopstvenost.pdf
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИРАЊЕ – ПРЕДИЗВИЦИ И АЛТЕРНАТИВИ ЗА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

11.12.2020

Пристапот до финансирање е една од клучните алатки за обезбедување економски раст поради потенцијалот да поттикне доблесен круг во кој растот генерира дополнителни извори на финансии.

Policy-brief-Pristap-do-finansii.pdf
ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРЕКУ МОДЕЛОТ НА БИЗНИС АНГЕЛИ

28.2.2020

Анализа на моменталната состојба со ангелското финансирање во државата и преглед на правната рамка со цел дефинирање на конкретни препораки за јавни политики и мерки.

Policy-brief-za-biznis-angeli.pdf
ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ КОН ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

28.2.2020

Препораките и наодите од студијата се наменети за креаторите на јавните политики засегнати со унапредувањето на соработката меѓу индустријата и академскиот сектор, со креирањето услови за подобар трансфер на технологии кон приватниот сектор и од него, како и со унапредувањето на човечкиот капитал како главен носител и двигател на технолошкиот развој во една земја.

kratka-analiza-transfer-na-tehnologii.pdf
КОН ПОДОБАР ПРИСТАП ДО ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

08.4.2019

Пристапот до финансиски инструменти е еден од клучните фактори за пораст и развој на малите и средните претпријатија (МСП). Анализата идентификува неколку проблематични подрачја и дава предлози за нивно надминување врз основа на истражување на домашните прописи и практика и според компаративните практики на држави од Европската унија.

1.-Подобар-пристап-до-финансирање-за-МСП.pdf
ПРЕКУ ПРОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА РЕГУЛАТИВАТА НА ЗАНАЕТЧИСКАТА ДЕЈНОСТ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА КЛИМА

08.4.2019

Анализата дава преглед и препораки поврзани со регулативата со која се уредува занаетчиската дејност. Се работи за обемна правна рамка што го регулира занаетчиството, а поради својата комплицираност и противречност може да влијае негативно врз вршењето на занаетчиската дејност.

2.-Процена-на-влијанието-на-регулативата-за-занаетчиска-дејност.pdf
КАДЕ СЕ ЖЕНИТЕ ВО ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО? – студија на случај во пет пилот-општини

08.4.2019

Жените се уште се соочуваат со многубројни предизвици и пречки што им го отежнуваат патот за водење на свој бизнис. Врз основа на податоците и направените анализи се покажа дека жените - претприемачки се уште ја немаат потребната поддршка од институциите и сите други засегнати чинители за почнување јна сопствен бизнис илим, пак, во текот на водење на бизнисот.

3.-Каде-се-жените-во-претприемништвото.pdf
КРАТКА АНАЛИЗА ЗА НЕДОВОЛНО ИСКОРИСТЕНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ ВО ЗЕМЈАТА

08.4.2019

Анализата се фокусира на состојбите во руралниот туризам како еден од секторите на индустриската политика. Претставени се резултатите од стратешката и правната анализа од областа, како и од теренското истражување во кое беа вклучени околу 120 сопственици на капацитети за рурален туризам. Издвоени се низа препораки за поддршка на развојот на руралниот туризам во земјата.

4.-Недоволно-искористениот-потенцијал-за-рурален-туризам.pdf
ИНОВАТИВНИ ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТИ ЗА ПОДОБРА ИСКОРИСТЕНОСТ НА ФОНДОВИТЕ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА

08.4.2019

Анализата ги истражува состојбите со користењето на европските фондови од страна на малите и средните претпријатија и дава препораки за креирање нови иновативни банкарски инструменти за проектно финансирање во фазите на: претфинансирање, меѓуфинансирање, и кофинансирање, а заради надминување на еден од горливите проблеми за обезбедување покритие за обезбедување на користените средства.

5.-Подобра-искористеност-на-ЕУ-фондови.pdf